ФК Металург Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
ФК Металург
Амблемот на ФК Металург
Целосно име ФК Металург Скопје
Основан 1964; пред 60 години (1964)
Распаднат
Стадион стадион Железарница
Капацитет 3,000
Претседател Александар Панов
Тренер Алексо Мацков
Лига Трета македонска лига (Север)
2016/2017 Втора македонска лига
9ти (отпаднати)
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Гостински дрес

ФК Металургмакедонски фудбалски клуб од Скопје. Своите натпревари ги игра на Стадионот Железарница.

Историја[уреди | уреди извор]

Металург е оформен во 1964 година. Во својата историја, клубот две сезони има настапувано во Втората фудбалска лига на СФРЈ. По осамостојувањето на Македонија, клубот учествувал во првата сезона во Првата македонска фудбалска лига, каде во есенскиот дел ја освоил вицешампионската титула, но на крајот на сезоната испаднал од лигата. Оттогаш, клубот настапувал во Втората лига и во Третата лига (Север). Во сезоната 2008/2009, Металург повторно се вратил во Првата Лига. Најголемиот успех на клубот бил освојувањето на Купот на Македонија во 2011 година.

Настапи во Првата македонска фудбалска лига[уреди | уреди извор]

Сезона 2015-2016[уреди | уреди извор]

По лошиот почеток на сезоната, кога по петте одиграни кола, „Металург“ се наоѓал на последното место, со само еден освоен бод, бил сменет тренерот на клубот, Марјан Герасимовски, а неговото место го зазел Алексо Мацков, кој претходно го водел младинскиот тим.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Мацков седнува на клупата кај Металург“, Дневник, година XIX, број 5855, среда, 2 септември, стр. 22.