ФК Асколи Калчо 1898

Од Википедија — слободната енциклопедија
Асколи
Целосно имеАколи Пикио Фудбал Клуб 1898 С.п.А.
ПрекарБјанконери (црно-бели)
Основан1898
СтадионСтадион Чино е Лило Дел Дука
Асколи Пичено, Италија
Капацитет20,550
ПретседателИталија Франческо Белини
ТренерИталија Алфредо Алјети
ЛигаСерија Б
2022-2023Серија Б, 12-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

ФК Асколи Калчо 1898 е италијански фудбалски клуб со седиште во градот Асколи Пичено, Марке. Моментално се натпреварува во Серија Б, второто ниво на италијанскиот фудбал.

Клубот е основан во 1898 година како "Кандидо Аугусто Веки". Досега во клупската историја Асколи има одиграно 16 сезони во Серија А - каде најдобриот резултат им е 4-тото место освоено во сезоната 1979-1980 - и 20 во Серија Б. Најголемиот успех на клубот е освојувањето на Митропа купот во сезоната 1986-1987.

Боите на клубот се црна и бела и игра во дресови со вертикални риги испреплетени со овие две бои. Својте домашни натпревари ги игра на стадионот Чино е Лило Дел Дука кој е со капацитет од 20,550 седечки места.

Стадион[уреди | уреди извор]

Асколи ги игра својте домашни натпревари на стадионот Чино е Лило Дел Дука кој е со капацитет од 20,550 седечки места и се наоѓа во периферијата на Асколи Пичено. Стадионот е отворен во 1962 година и бил реновиран во 1975 година.

Пред тоа, од 1925 до 1962 година клубот играл на стадионот Феручо Корадино Скварчија.

Соперници[уреди | уреди извор]

Познати играчи[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Домашни[уреди | уреди извор]

1977–1978, 1985–1986
2001-2002 (група Б)

Меѓународни[уреди | уреди извор]

1986-1987

Надворешни врски[уреди | уреди извор]