ФК Академија Пандев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Академија Пандев
Целосно имеФудбалски клуб Академија Пандев
ПрекарАкадемци
Пандевци
Основан2010; пред 14 години (2010)
ЛокацијаСтрумица, Македонија
СтадионСтадион „Благој Истатов“
Капацитет9.200
СопственикМакедонија Горан Пандев
ПретседателМакедонија Илија Матеничаров
ТренерМакедонија Ѓорге Стојчев
ЛигаПрва македонска лига
2022/239. од 11 места
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

ФК Академија Пандевмакедонски фудбалски клуб од градот Струмица. Од 2017 година е дел од Првата македонска фудбалска лига. Академија Пандев е проект на македонскиот фудбалер Горан Пандев. Тимот оваа сезона натпреварите ги игра на Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица.

Најголемиот успех на клубот во натпреварувањата е пласманот во квалификациите за Лига Европа во 2019 година преку победата во финалето од Купот на Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Спортскиот центар „Пандев“ во 2019 г. за време на контролен натпревар меѓу Академија Пандев и Вардар

Клубот е создаден во 2010 година како академија која работи само со младинските категории, но од 2014-та формира свој прв тим и започнува да се натпреварува во сениорските лиги.

Покрај сениорскиот тим, во 2014 година Горан Пандев инвестирал и во спортската инфраструктура. Истата година започнува изградбата на Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица, во непосредна близина на градскиот стадион, кој во иднина треба да послужи како официјален терен на Академијата. Овој центар треба да претставува модерен мултифункционален објект за потребите на младинците и сениорите на ФК Академија Пандев.[1]

Откако го формира својот сениорски тим во 2014 година, Академијата го започнува својот пат од најниската, општинската лига. По една сезона во општинската, и друга во Третата лига, тимот се пласира во Втората лига каде има уште една успешна сезона и во 2017 година го обезбедува својот влез во најелитната Прва македонска фудбалска лига.[2]

Играчите на Академија Пандев ја слават титулата во купот.

Академија Пандев го отворила својот пат кон европскиот фудбал во 2019 година кога ја победила Македонија Ѓорче Петров 1932 во финалето од Купот на Македонија.[3] Тимот на Тренчовски дебитирал во квалификациите за Лига Европа против Зрињски од Мостар. Првата средба против Зрињски, Академијата ја играла на Националната арена во Скопје каде неславно загубила со 0:3, а втората средба во Босна и Херцеговина исто така завршила со 3:0 за тимот од Мостар.[4][5]

На 7 ноември 2020, во рамките на Првата лига 2020/21, Академија Пандев заиграл на својот терен во Спортскиот центар Пандев кој станал негов траен домашен терен.[6][7][8]

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Обновено на 27 декември 2019
Бр. Позиција Играч
1 Србија ГМ Душан Чубраковиќ
2 Македонија ОД Ване Јованов
3 Македонија ОД Давид Атансковски
4 Македонија ОД Диме Димов
5 Македонија ОД Томислав Илиев
6 Македонија ОД Стефан Костов
8 Македонија СР Ѓорѓи Стоилов
9 Србија НП Марко Рајковиќ
10 Македонија СР Даниел Миловановиќ
12 Македонија ГМ Давид Денковски
14 Македонија СР Љупчо Доријев
17 Македонија НП Марио Крстовски
Бр. Позиција Играч
18 Македонија СР Кристијан Велиновски
19 Македонија НП Сашко Пандев
20 Македонија СР Ристе Темелков
21 Македонија СР Иван Николов
22 Македонија СР Горан Томовски
23 Македонија СР Кристијан Стојкоски
25 Македонија СР Ѓорѓи Танушев
33 Македонија ОД Михаил Маенвски
45 Македонија ОД Глигор Дончев
91 Македонија ГМ Марко Алчевски
Бугарија ОД Ангел Гранчов

Титули[уреди | уреди извор]

Настапи во европските натпреварувања[уреди | уреди извор]

Сезона Натпреварување Коло Држава Клуб Резултат
2018/19 УЕФА Лига Европа 1 коло кв.  Босна и Херцеговина Зрињски Зрињски 0-3, 0-3

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пандев почна да го гради спортскиот центар во Струмица“. МКД.мк. 1 јули 2014. Архивирано од изворникот на 2021-06-10. Посетено на 9 ноември 2019.
  2. „Пандев воведе европски терк на работа во неговата академија, од општинска до прва лига стигна за три години“. Сакам Да Кажам. 31 мај 2017. Посетено на 9 ноември 2019.
  3. „Академија Пандев по пенали до историја, го освои Купот на Македонија“. gol.mk. 22 мај 2019. Посетено на 9 ноември 2019.
  4. „„Пандевци" неславно тргнаа во Европа, убедливо загубија од Зрињски“. gol.mk. 11 јули 2019. Посетено на 9 ноември 2019.
  5. „Зрињски им одржа нова лекција на „пандевци" и ги елиминира од Европа“. gol.mk. 18 јули 2019. Посетено на 9 ноември 2019.
  6. „Делегирање 11. коло“ (PDF). Фудбалска федерација на Македонија преку web.archive.org. 5 ноември 2020. Архивирано од изворникот на 2020-11-11. Посетено на 11 ноември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  7. „Грандиозниот спортски центар на Пандев подготвен за првиот меч во ПМФЛ!“. gol.mk преку web.archive.org. 5 ноември 2020. Архивирано од изворникот на 2020-11-11. Посетено на 11 ноември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  8. „Струмичкото дерби за историја: Прв прволигашки меч на спортскиот центар „Пандев". ekipa.mk преку web.archive.org. 7 ноември 2020. Архивирано од изворникот на 2020-11-11. Посетено на 11 ноември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]