Уланци

Координати: 41°35′17″N 21°56′34″E / 41.58806° СГШ; 21.94278° ИГД / 41.58806; 21.94278
Од Википедија — слободната енциклопедија
Уланци
Уланци во рамките на Македонија
Уланци
Местоположба на Уланци во Македонија
Уланци на карта

Карта

Координати 41°35′17″N 21°56′34″E / 41.58806° СГШ; 21.94278° ИГД / 41.58806; 21.94278
Регион  Вардарски
Општина Општина Градско
Население 51 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 29078
Надм. вис. 120 м
Уланци на општинската карта

Атарот на Уланци во рамките на општината
Уланци на Ризницата
За кочанското село со сличен назив видете Уларци

Уланци — село во Општина Градско, во околината на градот Велес.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа веднаш на левиот брег на реката Вардар, спроти селото Градско во источниот дел на истоимената општина. Уланци е рамничарско село и лежи на надморска височина од 120 метри. Веднаш до селото, во Вардар се наоѓа островот Уланци, втор по големина речен остров во Македонија и трет воопшто во земјата, чија површина изнесува 5 хектари.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Уланци е стара населба. Бидејќи е во близина на античкиот град Стоби, за кој се претпоставува дека се протегал на двете страни на реката Вардар сè до утоката на Црна Река, на местото на селото имало населби уште во античко време. Денешното село Уланци најверојатно е настанато како чифлик во периодот на Отоманското владеење.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главна и доминантна стопанска гранка на населението е полјоделството. Најзастапено е одгледувањето на пиперките (зелените пиперки), доматите, кромидот, а застапена е и пченицата и одгледувањето на тутун и винова лоза. Во зимскиот период во околината на селото на зимување доаѓаат стада овци од Западна Македонија.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948297—    
1953291−2.0%
1961249−14.4%
1971183−26.5%
1981172−6.0%
ГодинаНас.±%
1991100−41.9%
199484−16.0%
200280−4.8%
202151−36.3%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[3]

Според пописот од 2002 година, Уланци брои 80 жители. Од пописот од 1994 година, кога селото броело 84 жители, бележи благ пад на своето население за 4 жители (сите од ромска националност).

Националниот состав на населението на Уланци е следниов:

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 51 жител, од кои 39 Македонци, 10 Турци и 2 лица без податоци.[4]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 360 240 297 291 249 183 172 100 84 80 51
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Уларци е мнозински македонско село.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото биле:

  • Староседелци: Грозановци (6 к.), Ицовци (4 к.), Ѓуровци (4 к.) и Миловци (2 к.)
  • Доселеници: Симиџијовци-Грци (1 к.) доселени се во почетокот на 19 век од селото Чебелево кај Јанина, Грција; Дорнајовци (1 к.), Пецовци (1 к.) и Рковци (1 к.) доселени се почетокот на 19 век од селото Ногаевци; Маслинковци (1 к.) доселени се во 1870 година од селото Ногаевци, а таму во 1850 година од селото Градско; Гошовци (1 к.) доселени се во 1880 година од тиквешкото село Бојанчиште, а таму се доселиле од селото Витолиште во Мариово почетокот на 19 век; Јефтовци (1 к.) доселени се во 1880 година од селото Горно Чичево; Ангелковци (3 к.) доселени се во 1885 година од тиквешкото село Манастирец; Николовци (1 к.) доселени се од селото Манастирец во 1886 година; Трипчевци (1 к.) доселени се од селото Ногаевци во 1890 година; Парапиновци (1 к.) доселени се во 1890 година од селото Бојанчиште, а таму кон крајот на 18 век од мариовското село Полчиште; Пецовци (1 к.) доселени се во 1904 година од тиквешкото село Конопиште; Петревци (1 к.) доселени се во 1910 година од тиквешкото село Џидимирци; Деловци (1 к.) доселени се во 1913 година од селото Џидимирци, а таму почетокот на 19 век од селото Бојанчиште; Каравиловци (1 к.) доселени се 1913 година од селото Џидимирци; Гичевци (1 к.) доселени се во 1915 година од селото Ногаевци; Павлевци (1 к.) доселени се 1916 година од селото Џидимирци.[9]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 2220 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на спомен куќа.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 66 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта
  • Грамади — населба од римско време
  • Димов Гроб — некропола од железно време
  • Крст — црква и некропола од средниот век
  • Србиново — населба и некропола од доцноантичко време
  • Столот — населба од бронзено, железно и хеленистичко време
  • Страната — населба — викус од доцноантичко време
  • Топот — утврдена населба — опидум од римско време

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Милевски, Ивица (2013). „За островите во Република Македонија“ (PDF). Географски разгледи. 47.
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  9. . Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  10. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]