Тумор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дијаграм што илустрира почеток на неоплазми, имено миома на матката

Туморот претставува патолошка појава кој настанува како резултат на неконтролирана делба и развиток на клетките на домаќинот,кои се исхрануваат со крвта на домаќинот (човекот),а притоа добиваат свои специфичности,различни од тие претходно.

Значи дека туморот претставува една абнормална маса во организмот настаната поради одредени причини.

Терминот неоплазма[уреди | уреди извор]

Зборот "неоплазма" претставува новосоздадена творба во организмот,која настанала поради различни надворешни или внатрешни фактори односно причинители.

Зборот "неоплазма" може да се дефинира и како абнормална маса на клетки настаната поради нивен абнормален раст и развој.

Поделба на неоплазми[уреди | уреди извор]

Туморите се делат на две групи:доброќудни и злоќудни.Разликата меѓу овие два вида на тумори е тоа што доброќудните растат и се развиваат ограничено од околното ткиво,односно тие имаат своја капсула (јасно ограничени),растат бавно,ретко се рецидивираат,нема создавање на метастази и секундарни тумори,додека злоќудните тумори растат брзо и се враснуваат во ткивата,испуштаат метастази и поради тоа настануваат и секундарни тумори и најчесто доаѓа до нивно рецидивирање.

Доброќудни и злоќудни неоплазми[уреди | уреди извор]

Доброќудни неоплазми Вид на ткиво Злоќудни неоплазми
Mixoma Слузно ткиво Mixosarcoima
Osteoma Коскено ткиво Osteosarcoma
Chondroma 'Рскавично ткиво Chondrosarcoma
Fibroma Фиброзно ткиво Fibrosarcoma
Leiomyoma Maзни мускули Leiomyosarcoma
Rabdomyoma Набраздени мускули Rabdomyosarcoma
Haemangioma Крвни садови Haemangiosarcoma
Lymphangioma Лимфни садови Lymphangiosarcoma
/ РЕС Lymphoma malignum
/ РЕС Leucosis
Neurinoma Периферни нерви Neurinosarcoma
Meningioma Мозочни обвивки Meningioma malignum
Papilloma Покривен епител Carcinoma
Adenoma Жлезден епител Adenocarcinoma
Melanoma benignum Пигментни клетки Melanoma malignum
Teratoma Тумори од повеќе ткива Teratoma malignum

Микроскопска структура на тумори

Секој тумор е изграден од строма (мрежа од врзувачко ткиво и крвни садови) и паренхим (клетки на туморот).

Паренхимот му дава специфични особини на туморот,кој се формира со размножување на клетките од каде може да се утврди и потеклото на туморот,но кај злоќудните тумори тоа е тешко да се утврди.

Метастазирање

Метастазирањето претставува настанување на секундарни тумори,односно настанување на тумор во пооддалечните места во организмот.

Карциномите почесто се метастазираат по лимфен пат,додека саркомите по крвен пат.

Новосоздадените секундарни тумори се со исти особини како и примарниот тумор.

Пример:од органите во абдоменот,клетките на туморот преку порталната вена може да создадат секундарен тумор во црниот дроб.

Наводи[уреди | уреди извор]

Наслов[уреди | уреди извор]

Патологија

Литература[уреди | уреди извор]