Трет вселенски собор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трет вселенски собор
Датум431
Прифатен одРимокатоличка црква, Старокатоличка црква, Православие, Англиканство, Древноисточни цркви, Лутеранство
Претходен собор
Прв цариградски собор
Следен собор
Четврти вселенски собор
Свикан одЦар Теодосиј II
ПретседавачКирил Александриски
Присутни200 — 250
ТемиНесторијанство,
Документи и изјави
Симбол на верата
Времеследен список на собори

Третиот вселенски собор (грчки: Η Γ΄ Οικουμενική Σύνοδος; Σύνοδος της ΕφέσουСобор во Ефес) бил одржан во Ефес, Мала Азија, од 22 јуни до 30 јули 431 година, во црквата посветена на Пресвета Богородица. Во истата црква подоцна се одржал и уште еден собор (449 година) кој го добива називот Расколнички собор, соодветно на неговиот карактер.

Третиот вселенски собор бил свикан од царот Теодосиј II (408 — 450) со цел да се даде одговор на несторијанската ерес, која неколку години предизвикувала немири во црквата, бидејќи Несториј Цариградски сметал дека и божествената и човечката природа на Христос треба да имаат по една личност. Отците на Третиот Собор го отфрлиле неговото учење со кое би се внесувала поделба во едната Личност на Господ Христос. На овој собор било потврдено дека Исус Христос е една Личност со две природи: со божествена природа — од вечноста, од Отецот, и со човечка природа — која ја примил во времето, од Пресвета Богородица. Несториј уште говорел дека Дева Марија не го родила Исус, туку го родила човекот Исус и затоа не го прифаќал името Богородица, а ја нарекувал човекородица или Христородица.[1]

Во работата на Соборот присуствувале 153 епископи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Давитковски, Петар (1987). Историја на христијанската црква II дел. Скопје: Скопје.