Томе Буклески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Томе Буклески
Роден 21 октомври 1921
Кичево
Починал 2 септември 2018

Томе Буклески (Кичево, 21 октомври 1921 - 2 септември 2018) — македонски комунист, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ и државник.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Бил член на КПЈ од 1941 година. Се вклучил во НОБ, заради што бил затворен во затворот во Тирана од април 1942 до септември 1943 година.[2] Од септември 1943 станал и член на Окружниот комитет на КПМ во Кичево, политички комесар на повеќе бригади и баталјони на македонската народноослободителна војска.[3]

По ослободувањето на Македонија, вршел повеќе високи партиски и државни функции. Бил член на Претседателството на ЦК СКМ, вработен во дипломатијата, пратеник во Сојузното собрание и во Собранието на СРМ, претседател на Матицата на иселениците на Македонија. Бил член, а од 29 април 1984 до 26 мај 1985 и Претседател на Претседателството на СРМ.[4]

Бил носител на „Партизанска споменица 1941”.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Borivoj Pajović, Milorad M. Radević, Savez udruženja boraca narodnooslobodilačkog rata Jugoslavije. Savezni odbor (1969). Bibliografija o ratu i revoluciji u Jugoslaviji: Posebna izdanja 1945-1965 (српскохрватски) (Rata "Prošlost naših naroda" ; Knjiga 98. изд.). Vojnoizdavački zavod.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. „Почина Томе Буклески - Маќули, истакнат македонски револуционер и државник“, Окно, 03.09.2018.
  3. д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 92. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  4. Службен весник на СРМ, 16/1984.