Тинторето

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тинторето
Детаљ од автопортрет
Роден(а)Јакопо Комин
1518
Венеција, Венецијанска Република
Починал(а)31 мај 1594
Венеција, Венецијанска Република
Правецренесанса

Тинторето (италиански: Jacopo Robusti Tintoretto; роден како Јакопо Робусти;[1] Венеција крај на септември или на почеток од октомври 1518 година[2] – Венеција, 31 мај 1594), италијански сликар, еден од најистакнатите претставници од венецијанската школа и последниот голем уметник од италијанската ренесанса. Неговите современици се восхитувале и ја критикувале брзината со која сликал и на дотогаш невидената умешност во користење на сликарската четка. За неговата енергичност во сликарството го добил прекарот Il Furioso („Бесниот“). Изврши големо влијание врз подоцнежните поколенија, особено врз импресионистите.[3],[4]

Живот и дело[уреди | уреди извор]

Детство[уреди | уреди извор]

Тинторето е роден во Венеција во 1518 година. Неговиот татко, Батиста, бил бојаџија на текстил (итал: tintore); и оттаму неговиот син го добил прекарот Тинторето, „малиот бојаџија“ или „детето на бојаџијата“.[5] Познато е дека Тинторето имал барем еден брат, по име Доменико, иако неверодостоен извор од 17 век наведува дека имал 22 браќа и сестри.[6] Се смета дека неговото семејството потекнува од Бреша, во Ломбардија, тогаш дел од Република Венеција. Други студии за потеклото на семејството водат до тосканскиот град Лука.

За детството на Тинторето се знае многу малку. Според неговите биографи Карло Ридолфи (1642) и Марко Бошини (1660), Тинторето формално се подучувал само во студиото на Тицијан, кој налутено го отпуштил по само неколку дена - поради љубомора затоа што бил многу перспективен ученик (според Ридолфи) или поради лична нетрпеливост (според Бошини).[7] Оттогаш, меѓу нив имало несрдечен однос, и покрај континуираното восхитување на Тинторето кон Тицијан. Тицијан, од своја страна, отворено го омаловажувал Тинторето и неговите приврзаници.[8]

Неговите биографи пишуваат дека живеел многу скромно. Неговиот секојдневен живот воопшто не наликувал на бучниот и раскошен живот на неговиот постар современик Тицијан или на неговиот пријател Веронезе. Заедно со своето семејство, зел скромен стан во Венеција, кој самиот го насликал.

Први дела[уреди | уреди извор]

Опсада на Азола (1544–45), Национален музеј, Познањ
Автопортрет како млад човек, ок. 1548

Тинторето често бил во друштво на младиот сликар Андреа Скијавоне, кој бил четири години помлад од него. Тинторето бесплатно му помагал со фрескосликарство, а најчесто работел без да добие надомест.[9] Првите две мурални слики на Тинторето - направени, како и другите, речиси без надомест - се смета дека се Валтазаровата гозба и Борба на коњици. И двете слики исчезнале, како и сите негови фрески. Првото негово дело кое привлекло поголемо внимание бил групен портрет на кој Тинторето е насликан со неговиот брат кој свири на гитара; и ова дело е изгубено. Потоа нацртал слика со историска тематика, која Тицијан искрено ја пофалил.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. According to historian Stefania Mason, the discovery and publication in 2004 of a "fanciful account" in a letter of 1678 to a Spanish art collector from his agent in Venice is responsible for a misconception that Jacopo's surname was Comin. "Robusti is the name that appears in his tax declarations" and other official documents. Echols 2018, pp. 39–40, 227.
  2. Bernari and de Vecchi 1970, p. 83.
  3. „Tintoretto“. Архивирано од изворникот на 2021-01-30. Посетено на 2021-02-04.
  4. Tintoretto
  5. Echols 2018, p. 39.
  6. Echols 2018, pp. 38–40.
  7. Echols 2018, p. 85.
  8. Echols 2018, pp. 18, 85.
  9. Nichols, Tom. Tintoretto. Tradition and Identity. Reaktion Books, 1999, pp. 103 and 241ff.
  10. Rossetti 1911.