Тети

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тети
Систрум со испишано името на Тети.
Фараон на Египет
Владеел2345 - 2333 г. п.н.е., Шеста египетска династија
ПретходникУнас
НаследникУсеркаре
СопружнициИпут I, Куит, Кенткаус IV
ДецаПепи I
Тетианкем
ЗакопанТетиева пирамида

Тети, познат и како Отоес, понекогаш и Тата или Атат во застарени извори, бил првиот фараон од Шестата династија на Египет. Тој е погребан во Сакара. Точната должина на неговото владеење била уништена на кралскиот список од Торино, но се верува дека била околу 12 години.

Животопис[уреди | уреди извор]

Тети имал неколку жени, и повеќе деца. Бил татко на најмалку три сина и најверојатно десет ќерки.[1]

Според Н. Канавати, Тети имал најмалку девет ќерки, од голем број жени, и фактот дека тие биле именувани по неговата мајка, Сешешет, им овозможува на истражувачите да го пронајдат неговото семејство. Најмалку три принцези со име Сешешет се означени како „најстара ќерка на кралот“, што значи дека имало најмалку три различни кралици.

Друга можна ќерка е принцезата Инти.[2]

За време на владеењето на Тети, високите функционери почнувале да градат погребни споменици налик на оние на фараоните. Неговиот везир, Мерерука, изградил мастаба во Сакара, која се состоела од 33 богато изрезбани соби, најголема позната гробница за еден египетски благородник.[3]

Фрагмент на блок од варовнички ѕид кој покажува картуш на кралот Тети и погребните пирамидни текстови. Шеста династија. Од пирамидата на Тети, Сакара, Египет. Музеј на египетската археологија на Петри, Лондон
Текстови од пирамидата на Тети I во Сакара

Манетон запишал дека Тети бил убиен од неговите телохранители во палатата во харемски заговор, но можеби бил убиен од страна на узурпаторот Усеркаре. Бил погребан во кралската некропола во Сакара. Неговиот пирамидален комплекс е поврзан со мастаби на официјални лица од неговото владеење.

Мајка на Тети била кралицата Сешешет, која била адут за влез на нејзиниот син на престолот и помирување на две завојувани фракции на кралското семејство.[4] Сешешет живеела меѓу 2323 п.н.е. до 2291 п.н.е. Главниот археолог на Египет, Захи Хавас, генерален секретар на Врховниот совет за антиквитети, на 11 ноември 2008 година објавил дека била погребана во пирамида висока 5 метри во Сакара, стара 4.300 години. Ова е 118-та пирамида откриена досега во Египет. Најголем дел од широката обвивка од 2 метри била изградена со надградба висока 5 метри. Таа првично достигнала 14 метри, со долгжина од 22 метри.[5][6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. N. Kanawati, Mereruka and King Teti. The Power behind the Throne, 2007.
  2. Dodson and Hilton, The Complete Royal Families of Ancient Egypt, 2004
  3. Christine Hobson, Exploring the World of the Pharaohs, Thames & Hudson Ltd., 1997. p.85
  4. „Egypt: 4,300-year-old pyramid discovered“. CNN. 2008-11-11. Архивирано од изворникот на December 2, 2008. Посетено на 2008-11-11.
  5. Bossone, Andrew (11 November 2008). „New Pyramid Found in Egypt: 4,300-Year-Old Queen's Tomb“. National Geographic News.
  6. Rasmussen, Will; Boulton, Ralph (11 November 2008). „Egypt says has found pyramid built for ancient queen“. Reuters.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]