Тато и другите (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тато и другите (англиски: Daddy and Them) е американски филм од 2001 година, во режија на Били Боб Торнтон. Улогите ги играат: Били Боб Торнтон, Лора Дерн Џеф Бејли, Џејми Ли Кертис, Бен Афлек, Џим Варни итн.

Содржина[уреди | уреди извор]

Музичарот Клод Монтгомери (го игра Торнтон) и жена му Руби (ја игра Дерн) дознаваат дека вујкото на Клод е обвинет за убиство, така што го очекува судење. Затоа, тие одат во Алабама, каде што израснале. Таму, двајцата влегуваат во пријателска вербална војна со семејството, вклучувајќи ги таткото, мајката и сестрата на Клод.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Небески суштества“, Антена, број 873, 20.3.2015, стр, 24.