Сулејман Рушити

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сулејман Рушити
Министер за образование и наука
На должноста
2006 – 2008
Премиер Никола Груевски
Претходник Азис Положани
Наследник Перо Стојановски
Лични податоци
Роден(а) 22 јануари 1972
Чајле, Гостиварско, СФРЈ
Националност Албанец
Партија ДПА
Нова Демократија
Установа Филозофски факултет

Сулејман Рушити (роден на 22 јануари 1972 година во Чајле, Гостиварско) — македонски режисер и политичар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Рушити дипломирал режија на Факултетот за драмски уметности во Тирана во 1997 година[1]. Од 1998-2001 бил ангажиран како режисер во Македонска радио-телевизија, а во 2001 и 2002 година бил директор на Театарот на народностите во Скопје.

Рушити бил основач и директор на театарот Алтернативе, Скопје во периодот од 1998-2002 година. Во 2002 година бил еден од основачите на културниот магазин Алтернатива, а во текот на 2002-2003 година бил член на одборот на „Про хелветиа“. Посетувал повеќе обуки од областа на управување на институциите од културата во странски образовни институции. Рушити зборува англиски, германски, српски и италијански јазик.

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

Сулејман Рушити во периодот од 28 август 2006 до 27 јули 2008 година ја извршувал функцијата Министер за образование и наука како член на ДПА. По основањето на партијата Нова Демократија, Рушити станал нејзин член, за да во 2011 година го најави своето повлекување од политиката[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

Политички функции
Претходник
Азис Положани
Министер за образование и наука
28 август 2006 - 27 јули 2008
Наследник
Перо Стојановски