Сува Гора

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сува Гора во рамките на Македонија.
Сувогорски опожарен предел
На Сува Гора, планина богата со варовник има доста каменоломи. Каменолом над селото Стенче

Сува Гора — стара грамадна планина во северозападниот дел на Македонија. Во нејзините подножја се Полошката Котлина од западната страна и долината на реката Треска од источната страна. Иако е релативно висока, таа сѐ уште нема развиен зимски туризам.[1]

Особености[уреди | уреди извор]

Планината претставува типичен хорст издигнат помеѓу Полошката Котлина на запад, кањонската клисура на реката Треска на исток, на север се протега до Илин Гроб, а оттаму продолжува во планината Осој, чии клонови се спуштаат во полите на Сува Река и Тетовска Суводолица. Планината со неотектонските движења е зафатена со рамномерно издигање на целата површина. Нејзиното било претставува пространо, широка и разбиена карстна висорамнина на височина од 1.600 м, која кон југ од највисокиот врв Дупен Камен (1.857 м) стрмно се спушта во селото Корито. Се протега во правец запад-југ-ззапад-север-североисток. Морфопластиката на Сува Гора овозможила да се одликува со значителна површина од 1.000 до 1.500 м (40 км2). Бидејќи е изградена од варовници, развиени се сите површински карстни облици, меѓу кои преовладуваат вртачите, а се среќаваат и неколку мали карстни полиња.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Синадиновски, Јаким (1970). Гостиварскиот крај: Природно-географски одлики и општествено-економски одлики. Собрание на општината.
  2. Географско друштво на СР Македонија; Македонско географско друштво (1971). Географски разгледи (8-10. изд.). Друштво.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]