Струмичка афера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Панорама на Ново Село

Струмичката афера започнала во септември 1901 година во с. Ново Село Струмичко. Оваа провала е една од неколкуте со кои се соочила Македонската револуционерна организација и сериозно го загрозиле нејзиното понатамошно делување.

Причина[уреди | уреди извор]

Македонска револуционерна
организација (МРО)
Печат на Македонскиот комитет

Поради недостаток на финансиски средства месниот комитет на МРО во Ново Село на чело со раководителот Јануш Малчев решил да спроведе некаква акција но таа не била доволно подготвена и не биле разгледани последиците од таквата акција.

Во пролета 1901 година селската милиција од оваа село ликвидирала 5 Албанци и нивните тела биле закопани во нива. Коњите од ликвидираните по канал биле испратени кај Никола Малешевски и за нив биле земени 65 наполеона додека пак 135 лири кој биле најдени кај Албанците биле испратени на Стојан Георгиев кој бил раководител на комитетот во Струмица.

Меѓутоа по убиствата за нив започнал да зборува Георги Ѓозев и затоа Месниот комитет од Ново Село донел одлука за негова ликвидација која била извршена од страна на Крсто Новоселски.

Меѓутоа убиството на Ѓозев не останало тајна, имено Коце Китан почнал да говори за убиството и дури ги посочил и виновниците. Месниот комитет повторно донел одлука за ликвидација сега на Коце Китан но тој дознал за пресудата и затоа избегал во Струмица кај тамошниот кајмакан позната како Црната брада и го предал целиот Месен комитет [1] .

Апсења[уреди | уреди извор]

Во почетокот на септември 1901 година кајмакамот Црната брада со едно одделение на аскер дошол во Ново Село го повикал селскиот кмет и побарал од него да му посочи добри ловџии бидејќи требало да улови волк и неговата кожа да му ја испрати на солунскиот валија за да си направи кожув.

Кметот разбрал за што станува збор и истакнал дека такви ловџии во селото нема на што Црната брада одговорил дека има има и почнал да ги набројува имињата на членовите на Месниот комитет во селото.

Меѓутоа на време од селото избегале Јануш Малчев, Андреј Стојанов, Иван Стаменов и други, а кајмакамот наредил да бидат уапсени невини селани и затоа дел од избеганите се вратиле во Ново Село по што биле мачени.

Поради мачењето Иван Стаменов ги потврдил изјавите на Коце Китанов и го посочил местото каде што е закопано телото на Георги Ѓозев меѓутоа убиството на Албанците не било откриено, а извени тајни во текот на мачењето издале и Стојчо Кујунџиев и Андреј Стојанов [1].

Потоа аферата се проширила во Струмичко и во првиот бран од Ново Село биле уапсени 30 души во Струмица бил уапсен Стојан Георгиев раководителот на Струмичкиот окружен комитет, а во селото Куклиш биле уапсени 120 души.

Обвинени и судски процес[уреди | уреди извор]

Дел од приведените биле однесени во централниот вилаетски затвор Једи Куле кој се наоѓал во солун и во текот на октомври било покренато обвинение против 39 - мина првоприведени. Тие биле обвинети за собирање на пари од населението и нивно препраќање во Бугарија од каде добивале пушки. Тие исто така биле обвинети за давање на облека, храна и сместување на комитите и четите, за убиството на Георги Ѓозев по наредба на комитетот и дека работеле согласност програмата на истиот тој комитет.

Судски процес[уреди | уреди извор]

Судењето на првоприведените 39 - мина се одоговлекло. Дури во април 1902 година биле осудени 6 селани на 5 години затвор и затоа на 11.04.1902 година 4 жени на затворените се пожалиле кај англискиот конзул кој од своја страна истакнал дека судењето се искомплицирало поради фактот дека сведоците и обвинетите во текот на судскиот процес постојано ги менувале изјавите но по доѓањето на Шефки беј од Крит кој имало искуство со политички процеси делата на обвинетите биле побрзо разгледувани [1].

Како главни сведоци во текот на судењто се јавиле Коце Китанов, Иван Стаматов, Атанас Ржовски и атанас Цветанов но тие под притискон на другите обвинети ги смениле своите изјави и затоа судот ги казнил со 3 години затво за лажно сведочење и заговор против државата.

Казни[уреди | уреди извор]

Од 39 - мината првоприведени 7 души биле осудени на доживотен затвор, неколку души биле осудени на 10 години затвор, а 10 души биле осудени во отсутство.

Според мемоарот на Македонската револуционерна организација во текот на аферата бил уапсени 210 души, 28 биле мачени, 26 биле осудени, а 17 души избегале.

Меѓутоа историчарите истакнуваат дека овие бројки не се комплетни бидејќи во периодот од октомври до април во Солун биле доведени 139 души, додека пак само од селото Куклиш биле уапсени 120 души [1].

Последици[уреди | уреди извор]

Иако Струмичиот револуционерен округ не бил засегната од Солунската афера, оваа негова автохтона афера го достигнала бројот на уапсените и последиците врз организацијата биле големи. Бил обезглавен комитетот во Струмица, а дополнително била разоткриена организационата мрежа во овој дел на Македонија.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет