Страна на возење

Од Википедија — слободната енциклопедија
Страна на возење, 2017
  Сообраќај по десна страна
  Сообраќај по лева страна
Промена на правецот кај Пријателскиот мост Таи-Лао.

Поимите сообраќај по десната страна (СДС) и сообраќај по левата страна (СЛС) се однесуваат за практични ситуации, во двонасочни сообраќајни ситуации, со цел да возилото се задржи на десната страна или на левата страна на патот, соодветно. Ова е толку фундаментално за протокот на сообраќај што се нарекува преднос.

СДС се применува во 163 земји и територии, а останатите 76 земји и територии применуваат СЛС. Земјите кои користат СЛС се смета дека претставуваат околу шестина од светската територија и една четвртина од нејзините патишта. Во 1919 година, 104 од светските територии применувале СЛС и еднаков број применувале СДС. Од 1919 до 1986 година, 34 од териториите со СЛС се префрлиле на СДС.

Многу од земјите со СЛС биле порано дел од Британската Империја. Покрај тоа, Јапонија, Индонезија и други земји ја задржале традицијата за СЛС. Спротивно на тоа, многу од земјите со СДС порано биле дел од француската колонијална империја или, во Европа, биле предмет на француско владеење за време на освојувањата на Наполеон.

Кај железничкиот сообраќај, СЛС преовладува во Западна Европа, Латинска Америка и во земјите кои порано биле делови од британската или француската империја, додека кај северноамериканските, како и централните и источноевропските возови преовладува СДС.

Според меѓународните регулативи за спречување на судири на море, водниот сообраќај се одвива според СДС. За воздухопловите, Федералните воздухопловни регулативи на САД сугерираат користење на СДС, како во воздухот така и на водата.

Кај здравите популации, се смета дека безбедноста во сообраќајот е иста, без оглед на насоката на движење, иако некои истражувачи шпекулирале дека СЛС може да биде побезбеден за постарото население, бидејќи луѓето се почесто доминантни со десното око отколку со левото око.

Историја[уреди | уреди извор]

Сообраќај по лева страна во Виена, Австрија 1930 година

Старите грчки, египетски и римски војници се држеле на левата страна кога марширале. Во 1998 година, археолозите пронашле добро сочувана двојна патека што води кон римски каменоломи во близината на Свиндон, во јужна Англија. Каналите на патот од левата страна (гледано надолу по патеката, во насока од каменоломот) биле многу подлабоки од оние од десната страна, што укажува на СЛС, барем на оваа локација, бидејќи количките излегувале од каменоломот натоварени, а влегувале празни.

Првата референца во англиското право за правилото СЛС била во 1756 година, во врска со Лондонскиот мост.

Некои историчари, како што се Ц. Норткот Паркинсон, верувале дека античките патници на коњи или пеш вообичаено се движеле на левата страна, бидејќи повеќето луѓе ја користеле десната рака. Ако двајца мажи кои јавале на коњи, требале да започнат борба, секој од нив се поместувал кон работ на левата страна. Во 1300 година, папата Бонифациј VIII ги насочувал верниците да се движат на левата страна.

Во доцните 1700-ти, сообраќајот во САД во основа се одвивал по СДС, врз основ на употребата на големите товарни вагони на тимстерите, кои биле влечени од неколку пара коњи. Вагоните немале возачко седиште, така што (вообичаено во десната рака) управувачот го држел камшикот во десната рака и седел на задниот лев коњ. Седејќи лево, возачот претпочитал другите вагони да го поминат од левата страна, за да може да биде сигурен дека ќе се оддалечи од тркалата на вагоните што му доаѓале во пресрет.

Во Франција, традиционално, пеш сообраќајот се одвивал по десната страна, додека сообраќајниот превоз се одвивал по левата страна. По Француската револуција, целиот сообраќај се одвивал по десната страна. По Наполеоновите војни, Французите наметнале СДС во делови од Европа. За време на колонијалниот период, СДС бил воведен од страна на Французите во Нова Франција, Француска Западна Африка, Магреб, Француска Индокина, Западните Инди, Француска Гвајана и Реинион, помеѓу другите.

Во меѓувреме, СЛС бил воведен од страна на Британците во делови од Канада (Атлантска Канада и Британска Колумбија), Австралија, Нов Зеланд, Протекторатот Источна Африка (сега Кенија, Танзанија и Уганда), Британска Индија, Родезија и Колонијата Кејп (сега Замбија, Зимбабве и Јужна Африка), Британска Малаја (сега Малезија, Брунеј и Сингапур), Британска Гвајана и Британски Хонгконг. СЛС бил воведен и од Португалската Империја и тоа во Португалскиот Макао, Колонијалниот Бразил, Португалскиот Тимор, Португалскиот Мозамбик и Португалска Ангола.

Првиот закон за правилото држи се десно за возење во Соединетите Американски Држави бил донесен во 1792 година и се применувал во Филаделфија и Ланкастер Трнпајк. Њујорк го формализирал СДС во 1804, Њу Џерси во 1813 и Масачусетс во 1821 година.

Во раните 1900-ти години, некои земји, вклучувајќи ги Канада, Шпанија и Бразил, имале различни правила во различни делови на државата. Во текот на 1900-тите, многу земји се стандардизирале во рамките на своите јурисдикции и преминале од СЛС во СДС, најмногу за да се усогласат со регионалниот обичај. Во моментов, скоро сите земји користат или една или друга страна, на целата своја територија. Повеќето исклучоци се резултат на историските размислувања и/или ги вклучуваат островите кои немале патно поврзување со главниот дел на земјата. Во Кина е СДС, освен специјалните административни региони на Кина, Хонгконг и Макао. Во САД е СДС, освен на Девствените Острови на Соединетите Американски Држави. Во Обединетото Кралство е СЛС, но нејзините прекуокеански територии Гибралтар и Британска Територија на Индискиот Океан се СДС.

Во Хонгконг се вози лево.
Во копнените делови на Кина се вози на десна страна.

Менување на страни[уреди | уреди извор]

Правецот во сообраќајот се менува од лево кон десно во Стокхолм, Шведска на 3 септември 1967 година

Европа[уреди | уреди извор]

Париската конвенција од 1920 година била влијателна во Европа, која советувала да се вози на десната страна на патот, со цел да се усогласи сообраќајот низ континентот со многу граници. Така било и покрај фактот дека СЛС сè уште бил широко распространет: на пример во 1915 година, СЛС бил воведен насекаде во Австроунгарското Царство. Меѓутоа, три години подоцна царството се поделило на неколку држави, и сите тие на крајот се смениле во СДС, особено кога нацистичка Германија го вовела СДС со речиси моментален ефект во Чехословачка во 1938-39 година.

Во Шведска бил СЛС од околу 1734 до 1967 година, и покрај тоа што таа имала копнени граници со земјите со СДС, а околу 90 проценти од автомобилите возеле по левата страна (СЛС). Во 1955 година се одржал референдум, со големо мнозинство гласови против промена во СДС. Сепак, неколку години подоцна владата наредила промена, која започнала да се спроведува од 5 часот во неделата, на 3 септември 1967 година. Стапката на несреќи остро се намалила по промената, но наскоро се вратила на првобитното ниво. Денот бил познат како Dagen H („Денот- H“), а „H“ за Högertrafik („вистински сообраќај“). Кога Исланд се префрлил наредната година, тој ден бил познат како H-dagurinn, што повторно значело „Денот- H“.

Во доцните 1960-ти, Британскиот оддел за транспорт сметал дека може да се префрлат на СДС, но го прогласил за небезбеден и премногу скап за веќе така изградена нација. Стандардите за изградба на патишта, особено за автопатиштата, овозможуваат асиметрично дизајнирани патни споеви, каде што лентите што се спојувааат и разминуваат се разликуваат по должина.

Азија и Тихиот Океан[уреди | уреди извор]

Кина го усвоила СДС во 1946 година. Тајван истовремено се сменува во возење по десната страна. Хонгконг и Макао продолжуваат да бидат СЛС.

И Северна Кореја и Јужна Кореја се префрлиле во СДС во септември 1945 година, по ослободувањето од Јапонија, која била поразена и им се предала на сојузниците.

Мјанмар се префрлил на СДС во 1970 година.

Во Самоа, поранешната германска колонија, повеќе од еден век веќе бил СДС. Се префрлила на СЛС во 2009 година, како прва територија во речиси 30 години која се префрлила. Овој потег бил озаконет во 2008 година, со цел Самоа да ги користи поевтините возила со управувач од десната страна (СДС) - кои се подобро прилагодени за сообраќај по левата страна - увезени од Австралија, Нов Зеланд или Јапонија, и да се усогласат со другите земји од Јужниот Пацифик. Политичката партија, Народна партија, била формирана за да се обиде да протестира против промената, протестна група која започнала правен предизвик и просечно околу 18.000 луѓе присуствувале на демонстрациите против неа. Моторната индустрија, исто така, се спротивставила, бидејќи 14.000 возила од 18.000 возила во Самоа биле дизајнирани за СДС, а владата одбила да ги плати трошоците за префрлање. По неколку месеци на подготовка, преминувањето од десно во лево се случило во атмосфера на национална прослава. Немало пријавени инциденти. Во 05:50 по месно време, во понеделникот на 7 септември, радио-најавата го прекинала сообраќајот, а најавата во 6 часот наредила сообраќајот да се префрли на СЛС. Промената се совпаднала со порестриктивното спроведување на законите за брзини и носењето на појаси. Тој ден и следниот ден биле прогласени за државни празници, за да се намали сообраќајот. Промената вклучувала тридневна забрана за продажба на алкохол, додека полицијата поставила десетици контролни пунктови, предупредувајќи ги возачите да возат поспоро.

На Филипините воглавно бил СЛС, за време на шпанскиот и американскиот колонијален период, како и за време на ерата на Комонвелтот. За време на јапонската окупација Филипините останале на СЛС, исто така и поради тоа што јапонците барале да бидат на СЛС, но за време на Битката за Манила ослободителните американски сили ги возеле своите тенкови на десната страна за полесно олеснување на движењето. СДС бил формално финализиран со Извршниот налог бр. 34, потпишан од претседателот Серџо Осмења на 10 Март 1945 година.

Африка[уреди | уреди извор]

Голем број несоседни поранешни британски колонии во Западна Африка првично возеле по СЛС и се префрлиле на СДС во раните 1970-ти за да совпаднат со околните земји. Сиера Леоне се префрлила на СДС во 1971 година, Нигерија во 1972, а Гана во 1974 година. Пред овој период Гамбија, држава која е целосно содржана во СДС Сенегал, официјално се префрлила на СДС во 1965 година.

Во Руанда, поранешна белгиска колонија во централна Африка, е СДС, но размислува да се префрли на СЛС, за да ја доведе земјата во согласност со другите членови на Источноафриканската заедница (EAC). Истражувањето, спроведено во 2009 година, покажало дека 54% од жителите на Руанда сакале префрлање. Причините биле наведени во однос на намалените трошоци на возилата за СДС, наспроти верзиите за СЛС од истиот модел, полесното одржување и политичката корист од хармонизацијата на сообраќајните прописи со другите земји од EAC. Истата анкета, исто така, покажала дека автомобилите со СДС се 16 до 49% поевтини од нивните еквиваленти за СЛС. Во 2014 година, интерниот извештај на консултантите до Министерството за инфраструктура препорачал префрлање на СЛС. Во 2015 година, забраната за возила за СДС била укината; СДС камионите од соседните земји чинеле 1000 долари помалку од СЛС моделите увезени од Европа.

Безбедност[уреди | уреди извор]

Во една студија, истражувачите заклучиле дека сообраќајот од левата страна може да биде побезбеден за постарите возачи, бидејќи луѓето се најчесто доминантни на десното око во споредба со левото око. Споредувајќи статистички податоци од несреќи помеѓу земјите што имаат СЛС или СДС, Лииминг заклучил дека СЛС е супериорен. Сепак, Вотсон го критикувал малиот број на примероци и ја отфрлил идејата.[1]

Менување страни на границите[уреди | уреди извор]

Сообраќаен знак во британската област Кент поставен на десната страна од патот.
Граничен премин помеѓу Шведска и Норвешка во 1934 година

Иако многу СЛС јурисдикции има на островите, има случаи каде возилата можат да бидат возени од СЛС преку границата во СДС области. Виенската конвенција за патен сообраќај ја регулира употребата на странски регистрирани возила во 74 земји, кои ја ратификувале.

Тајланд кој има СЛС има три СДС соседи: Камбоџа, Лаос, Мјанмар. Повеќето од нејзините граници користат едноставен семафор за да го направат префрлањето, но има исто така и клучки кои овозможуваат префрлање, притоа задржувајќи го континуираниот проток на сообраќајот.

Постојат четири гранични премини меѓу Хонгконг и Кина. Во 2006 година, дневниот просечен број на патувања со возила, снимени на Лок Ма Чау, изнесувал 31.100. Следниот најголем е Ман Кам То, каде што нема систем за префрлање, а граничните патишта од страна на копното Венџинду се пресекуваат како еднонасочни улици со главен пат.

Мостот Такуту (кој ги поврзува СЛС Гвајана и СДС Бразил) е единствената граница во Америка каде сообраќајот се менува.

Иако Обединетото Кралство е одвоено од континентална Европа со Англискиот канал, нивото на сообраќај преку каналот е многу високо; само тунелот под каналот пренесува 3,5 милиони возила годишно, по железница, помеѓу Обединетото Кралство и Франција.

Конфигурација на патничките возила[уреди | уреди извор]

Позиција за седење на возачот[уреди | уреди извор]

Во Боливија се вози СДС, со исклучок на патот Јунгас каде е СЛС за да им помогне на возачите да си ги видат надворешните тркала.

Кај СДС јурисдикциите, возилата се конфигурирани за СЛС, а возачот седи на левата страна. Кај СДС јурисдикциите, важи обратното. Страната на возачот, страната што е најблиску до центарот на патот, понекогаш се нарекува далечна страна, додека страната на совозачот, страната која е најблиску до страната на патот, понекогаш се нарекува и блиска страна.

Историски гледано, имало помала доследност во односот помеѓу позицијата на возачот и страната на одвивање на сообраќајот. Повеќето американски автомобили произведени пред 1910 година биле наменети за СДС. Во 1908 година Хенри Форд го стандардизирал Моделот Т како ВЛС (Возач од левата страна) во СДС Америка, тврдејќи дека со ВДС (Возач од десната страна) и СДС, патникот бил должен да „излезе на улица и да шета околу автомобилот“ и дека кај тие со волан од левата страна, возачот „е во можност да ги види дури и тркалата на другиот автомобил и лесно ја избегнува опасноста“. До 1915 година другите производители го следеле водството на Форд, поради популарноста на моделот Т.

Во специјализирани случаи, возачот ќе седи на блиската страна, или на страната на тротоарот. Примерите вклучуваат:

  • Каде што на возачот му треба добар поглед на блиската страна, на пр. улични чистачи или возила што се движат по нестабилни рабови на патот;[2]
  • Онаму каде што е попогодно за возачот да биде на блиската страна, како на пр. испорака на возила. Груман ЛЛВ поштенскиот дистрибутер, широко користи ВДС конфигурации во СДС Северна Америка. Некои Unimogs се дизајнирани да се префрлат помеѓу ВЛС и ВДС за да им дозволат на операторите да работат на поповолната страна на камионот.

Општо земено, конвенцијата е да се монтира мотоцикл на левата страна, а ударните штандовите обично се на левата страна, што го прави попрактично да се монтира на побезбедната страна на тротоарот, како што е случајот со СЛС. Некои јурисдикции забрануваат поставување на приколка на подалечната страна на мотоциклот.

Фарови и друга опрема за осветлување[уреди | уреди извор]

Поглед од птичја перспектива на средните светла на автомобилите од десна страна, со долг дострел на десната страна и скратено на левата за да не им пречи на возачите што доаѓаат од спротивната страна.

Повеќето предни средни светла даваат асиметрична светлина, која е погодна за користење само на едната страна од патот. Фаровите со средно светло, во СЛС јурисдикциите, најголем дел од светлината ја фрлаат напред и во лево; оние за СДС најголем дел од своето светло фрлаат напред и во десно, со што се осветлуваат пречките и сообраќајните знаци, а го минимизираат отсјајот од сообраќајот кој доаѓа во пресрет.

Во Европа, фаровите одобрени за употреба од едната страна од патот, мораат да бидат прилагодливи, за да обезбедат соодветно осветлување со контролиран отсјај, за привремено возење на другата страна од патот. Ова може да се постигне со поставување на маскирни ленти или призматични леќи на дел од објективот, или со поместување на целата или на дел од оптичката светилка на фарот, така да целиот или дел од зракот се префрла, а  асиметричниот дел се затвора. Некои видови на фаровите од проекторски тип можат да бидат целосно прилагодени за да произведат соодветен зрак за СЛС или СДС, со поместување на рачка или друг подвижен елемент, во или на склопот од светилки. Некои возила автоматски ги прилагодуваат предните фарови, кога ГПС уредот на возилото ќе детектира дека возилото се преместило од СЛС во СДС и обратно.

Бидејќи црните ленти и лепливите призматични леќи ги намалуваат безбедносните перформанси на предните фарови, повеќето земји бараат, сите возила што се регистрирани или се користат на трајна или полутрајна основа во земјата, бидат опремени со фарови дизајнирани за правилна сообраќајна насока.

Без приклучени странични возила, мотоциклите, моторните скутери, мопедите и велосипедите се речиси симетрични, со нивните управувачи во центарот. Меѓутоа, мотоциклите често се опремени со автомобилски типови на асиметрични фарови, кои исто така бараат приспособувања или замена, кога се доведуваат во земја со спротивна сообраќајна насока на возење.

Главно светло продадено не долго пред промената од лево кон десно на Денот Х.

Задни светла за магла[уреди | уреди извор]

Во Европската Унија, возилата мораат да бидат опремени со едно или две црвени задни светла за магла. Единечното задно светло за магла треба да биде сместено помеѓу надолжната централна линија на возилото и надворешната страна од возачката страна на возилото.

Разлики во тестовите за кршење (краш тест)[уреди | уреди извор]

Австралиски извор за вести објавил дека некои автомобили со ВДС увезени во таа земја, помалку добро ги поминуваат краш тестовите за несреќи отколку верзиите со ВЛС, иако причината е непозната, а може да се должи на разликите во методологијата за тестирање.

Светска дистрибуција по држави[уреди | уреди извор]

Од 193 земји моментално признаени од ОН (и непризнаената Палестина), 140 користат СДС и 54 користат СЛС.

Држава Страна на возење Промена на страна Двостран железнички сообраќај Забелешки
Авганистан СДС СДС/СЛС Имал СЛС до 1950-тите, во согласност со соседниот Британски Раџ, а подоцна Пакистан.
Албанија СДС СДС
Алжир СДС СДС
Андора СДС
Ангола СДС 1928
Антигва и Барбуда СЛС
Аргентина СДС 10 јуни 1945 СЛС Јубилејот на 10 јуни сè уште се разгледува секоја година како Día de la Seguridad Vial (ден за безбедност на патиштата). Premetro и Metrotranvía Mendoza користат СДС.
Ерменија СДС СДС
Австралија СЛС СЛС Комонвелт. Ги вклучува Божиќните Острови, Кокосовите Острови, Островот Норфолк.
Австрија СДС 1921–1938 СДС[3] Првично СЛС, како и повеќето од поранешна Австроунгарија. Префрлени страни во 1921 во Предарлска, 1930 во Северниот Тирол, 1935 во Карантанија и Источен Тирол, а во 1938 година во остатокот од земјата.
Азербејџан СДС СДС
Бахами СЛС На Бахамите возилата со ВЛС се чести, поради увозот на користени автомобили од САД.
Бахреин СДС 1967 британски протекторат. Се префрлил на иста страна како соседите.
Бангладеш СЛС СЛС
Барбадос СЛС
Белгија СДС 1899 СЛС Метрото во Брисел е номинално со СДС, а со СЛС на кружната линијата западно од портата Хале. Ова било направено за да се овозможи еднонасочните возила ги користат островските платформи.
Белорусија СДС СДС
Белиз СДС 1961[4] Поранешна британска колонија. Се префрлил на иста страна како соседите.
Бенин СДС
Бутан СЛС Под британска заштита пред 1949 година.
Боливија СДС
Боцвана СЛС
Бразил СДС 1928[5] СДС Португалската колонија до почетокот на 19 век, со СЛС и задржан по независноста, повеќето држави префрлено во СДС во 1928 како Португалија. Додека некои области во денешен Бразил порано припаѓале на Боливија, веќе биле со СДС.
Брунеј СЛС
БиХ СДС 1918 СДС[6] Сменила страни по падот на Австроунгарија.
Бугарија СДС СДС
Буркина Фасо СДС
Бурунди СДС Се префрла на СЛС во согласност со соседите Танзанија, Кенија и Уганда.
Камбоџа СДС СДС бил имплементиран додека била дел од Француска Индокина. Автомобилите со ВДС, многу од нив биле шверцувани од Тајланд, биле забранети од 2001 година, иако тие учествувале со 80% од возилата во земјата.
Камерун СДС 1961
Канада СДС 1920-ти СДС Териториите кои се сега во Канада отсекогаш биле со СДС, со исклучок на Британска Колумбија, која се префрлила во СДС во фази од 1920 до 1923 година и Њу Брунсвик, Нова Шкотска и Островот Принц Едвард, кои се промениле во 1922, 1923 и 1924 година, соодветно. Њуфаундленд и Лабрадор се префрлиле во СДС во 1947 година, додека сè уште владеела Британската Империја, две години пред да се приклучат кон Канада.
Капе Верде СДС 1928
Централноафриканска Република СДС
Чад СДС
Чиле СДС 1920-ти СЛС Метрото Сантјаго користи СДС.
Кина СДС 1946 СДС/СЛС Некое време, северните провинции биле со СДС поради американското влијание, додека јужните провинции биле со СЛС поради британско влијание. СЛС бил унифициран во 1930-тите. Хонгконг и Макао се со СЛС поради нивното колонијално наследство. Повеќето метро системи користат СДС, освен Хонгконг MTR и Макао LRT.
Колумбија СДС СДС
Комори СДС
Конго СДС
ДР Конго СДС
Костарика СДС
Брегот на Слоновата Коска СДС
Хрватска СДС СДС Истра и Далмација биле со СДС, додека Хрватска и Славонија била со СЛС кога Хрватска била дел од Австроунгарија. Регионите со СЛС се префрлиле во СДС при приклучувањето кон Кралството Југославија.
Куба СДС
Кипар СЛС Некогашна британска колонија.
Чешка СДС 1939 СДС Била со СЛС, како и повеќето од поранешна Австроунгарија, се префрлила за време на германската окупација на Чехословачка.
Данска СДС СДС[7] Ги вклучува Фарските Острови и Гренланд.
Џибути СДС
Доминика СДС Некогашна британска колонија.
Доминиканска Република СДС
Источен Тимор СЛС 1976 Изворно со СЛС, како и неговата колонијална сила Португалија. Се префрлил во СДС со Португалија во 1928 година. Под индонезиската окупација Источен Тимор, се префрлил назад во СЛС во 1976 година.
Еквадор СДС СЛС Квито метрото и Куенка трамвајскиот систем ќе користат СДС.
Египет СДС СЛС Патните возила се со СДС поради француското влијание, но железничкиот систем бил изграден од британски компании.
Ел Салвадор СДС
Екваторска Гвинеја СДС
Еритреја СДС 1964
Естонија СДС СДС
Етиопија СДС 1964 СЛС Адис Абеба Лесната железница е со СДС.
Фиџи СЛС
Финска СДС 1858 СДС/СЛС Претходно управувана како дел од Шведска со СЛС, префрлена во СДС како Големото Војводство Финска со руски декрет. Повеќето железнички линии во Хелсинки се со СЛС, но Метрото Хелсинки е со СДС.
Франција СДС 1792 СЛС[8]/СДС Ги вклучува Француска Полинезија, Нова Каледонија, Сент Пјер и Микелон, Валис и Футуна, Француска Гвајана, Реунион, Св. Бартелеми, Колективитетот на Свети Мартин, Гваделуп, Мајот.

Железниците во Алзас и Мозел се со СДС, како поранешен дел од Германското Царство. CDGVAL користи СДС. Повеќето метро системи користат СДС, освен метрото во Лион.

Габон СДС
Гамбија СДС 1965[9]
Грузија СДС СДС Околу 40% од возилата во Грузија се со ВДС поради ниската цена на користени автомобили од Јапонија. Рудникот Батуми користи СЛС.
Германија СДС СДС
Гана СДС 1974[10] Поранешна британска колонија. Кога се префрла на СДС, слоганот на јазикот Twi бил „Нифа, нифа енан“ или „Десно, десно, четврто“.
Грција СДС СДС
Гренада СЛС
Гватемала СДС
Гвинеја СДС
Гвинеја Бисао СДС 1928
Гвајана СЛС
Хаити СДС
Хондурас СДС
Унгарија СДС 1941 СДС Изворно со СЛС, како и повеќето од Австроунгарија.
Исланд СДС 1968 Денот на префрлањето бил познат како H-dagurinn. Повеќето патнички возила веќе биле со ВЛС.
Иран СДС СДС
Ирак СДС СЛС
Индија СЛС СЛС Некогашна британска колонија.
Индонезија СЛС СДС[11] Патиштата биле изградени од страна на Британците, но железниците се со СДС поради влијанието на Холандија. Џакарта MRT исто така ќе користи СДС.
Ирска СЛС СЛС Дел од Обединетото Кралство до 1922 година.
Израел СДС СЛС Лесното метро во Ерусалим користи СДС.
Италија СДС 1920-ти СЛС До 1927 во селата бил со СДС, додека во градовите бил со СЛС. Рим се префрлил во СДС во 1924, а Милано во 1926 година. Алфа Ромео и Ланча не произведувале автомобили со ВЛС дури до 1950 и 1953 година соодветно, бидејќи многу возачи го фаворизирале ВДС изгледот дури и при СДС, бидејќи ова му овозможувало на возачот појасен поглед на работ од патот во планинските региони во време кога многу такви патишта немале бариери или ѕидови.

Метро системите во Бреша, Џенова, Милано и Торино користат СДС, како и сите трамвајски системи.

Јамајка СЛС
Јапонија СЛС СЛС Окинава од периодот по Втората светска војна била управувана од страна на Граѓанската администрација на САД од островите Рјукју и била со СДС. Била вратена на Јапонија во 1972 година, но не се вратила назад во СЛС сè до 1978 година. Операцијата за префрлање била позната како 730 (Нана-Сан-Мару, што значи Нана (7) -Сан (3) -Мару (0)). Окинава е едно од неколкуте места што се смениле од СДС во СЛС кон крајот на 20 век. Hakone Ropeway користи СДС.
Јордан СДС СДС, и покрај Мандатот за Палестина и Меморандумот од Трансјордан бил под британска власт до 1946 година.
Казахстан СДС СДС
Кенија СЛС Британската колонија сè до 1963 година.
Кирибати СЛС
Северна Кореја СДС 1946 СЛС/СДС Кореја била со СЛС поради влијанието на Јапонија во 1900-тите. Се префрлила во СДС под советска и американска окупација по 1945 година.

Метро системот  во Пјонгјанг користи мешавина од СДС и СЛС.

Јужна Кореја СДС 1946 СЛС/СДС Кореја била со СЛС поради влијанието на Јапонија во 1900-тите. Се префрлила во СДС под советска и американска окупација по 1945 година.

Повеќето метро системи во Јужна Кореја користат СДС (исклучоците ги вклучуваат линиите 1 и 4 од Сеул Метрополитен метрото, линијата Бунданг и линијата Шинбунданг).

Кувајт СДС
Киргистан СДС СДС Поранешен дел од Советскиот Сојуз со СДС. Во 2012 година, над 20.000 евтини користени автомобили со ВДС биле увезени од Јапонија.
Лаос СДС СЛС СДС бил имплементиран додека бил дел од Француска Индокина.
Летонија СДС СДС
Либан СДС Поранешен француски мандат.
Лесото СЛС
Либерија СДС
Либија СДС
Лихтенштајн СДС СДС
Литванија СДС СДС
Луксембург СДС СДС
Македонија СДС СДС
Мадагаскар СДС
Малави СЛС
Малезија СЛС СЛС Поранешна британска колонија.
Малдиви СЛС
Мали СДС
Малта СЛС Британска колонија до 1964 година.
Маршалски Острови СДС
Мавританија СДС Рударските патишта помеѓу Фдерик и Зоуерат се со СЛС.
Маврициус СЛС Поранешна британска колонија. Островска нација.
Мексико СДС СДС
Микронезија СДС
Молдавија СДС СДС
Монако СДС СЛС
Монголија СДС СДС
Црна Гора СДС СДС
Мароко СДС СДС
Мозамбик СЛС СЛС
Мјанмар СДС 1970 СЛС Поголем дел од инфраструктурата сè уште е насочена кон СЛС, повеќето автомобили биле во претходна сопственост на ВДС, увезени од Јапонија.
Холандија СДС 1906[12] СДС Ротердам бил со СЛС до 1917 година. Ги вклучува Курасао, Синт Маартен и Аруба.
Намибија СЛС 1918 Со СДС како германска колонија. Откако Јужна Африка ја окупирала Германија, Југозападна Африка за време на Првата светска војна, се префрлила на СЛС. Југозападна Африка била ставена под мандат на Јужна Африка од Лигата на народите, а новото правило предност е основано со закон.
Науру СЛС 1918
Непал СЛС
Нов Зеланд СЛС СЛС Ги вклучува териториите Ниуе и Островите Кук.
Никарагва СДС
Нигер СДС
Нигерија СДС 1972[13] СЛС Поранешна британска колонија. Се префрлила во СДС, бидејќи е опкружена со поранешни француски колонии со СДС.
Норвешка СДС СДС
Оман СДС Не е членка на Виенската конвенција за патен сообраќај и ги забранува сите странски регистарски возила со ВДС.
Палау СДС СДС
Палестина СДС
Пакистан СЛС СЛС
Панама СДС 1943[14] СДС
Папуа Нова Гвинеја СЛС
Парагвај СДС 1945[15]
Перу СДС СЛС
Филипини СДС 1946[16] СДС Била со СЛС за време на шпанскиот и американскиот колонијален период. Се префрлиле во СДС за време на Битката кај Манила во 1945 година.
Полска СДС СДС Делови од Полска кои припаѓале на Германското Царство и Руската Империја биле со СДС. Деловите кои биле дел од Австроунгарија биле со СЛС и се префрлиле во СДС во 1920-тите.
Португал СДС 1928 СЛС Колониите Гоа, Макао и Мозамбик, кои имале копнени граници со земјите со СЛС, не се префрлиле и продолжиле да возат лево. Метрото Порто користи СДС.
Катар СДС
Романија СДС СДС Трансилванија била со СЛС како и повеќето од поранешна Австроунгарија, додека Влашка и Молдавија веќе биле со СДС.
Русија СДС СДС Во далечниот исток на Русија возилата со ВДС се чести, поради увозот на користени автомобили од блиската Јапонија. Железничка линија помеѓу Москва и Рјазањ е со СЛС. Линијата Сормовскаја во Метрото на Нижни Новгород исто така го користи СЛС.
Руанда СДС Поранешен белгиски мандат. Се смета дека се префрла на СЛС како и нејзините соседи Танзанија, Кенија и Уганда.
Свети Кристофер и Невис СЛС
Света Луција СЛС
Свети Винцент и Гренадини СЛС
Самоа СЛС 2009 Се префрлила во СЛС, за да овозможи увоз на поевтини автомобили од Австралија, Нов Зеланд и Јапонија.
Сан Марино СДС
Сао Томе и Принсипе СДС 1928
Саудиска Арабија СДС СЛС Метрото Мака и метрото Ријад се со СДС.
Сенегал СДС
Србија СДС СДС Војводина била со СЛС додека била дел од Австроунгарија.
Сејшели СЛС
Сиера Леоне СДС 1971[17] Увозот на возила со ВДС бил забранет во 2013 година.
Сингапур СЛС СЛС Поранешна британска колонија.
Словачка СДС 1939–41 СДС Била со СЛС, како и повеќето од поранешната Австроунгарија. Се префрлила во СДС кога станала клиентска држава на нацистичка Германија.
Словенија СДС СЛС Била со СЛС, како и повеќето од Австроунгарија. Се префрлила во СДС за да се обедини со Хрватска и Славонија, Далмација, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, за да се формира Кралството на Срби, Хрвати и Словенци.
Соломони СЛС
Сомалија СДС 1968[18]
Јужна Африка СЛС СЛС Поранешна британска колонија.
Јужен Судан СДС 1973 Бил со СЛС, за време на периодот на британското колонијално владеење. Се разделил од Судан во 2011 година, откако поголемиот дел од населението  гласал за независност.
Шпанија СДС 1924 СДС До 1920-тите Барселона била со СДС, а Мадрид бил со СЛС до 1924 година. Метро системите во Мадрид и Билбао користат СЛС.
Шри Ланка СЛС СЛС Поранешна британска колонија.
Судан СДС 1973 Поранешна британска колонија.
Суринам СЛС
Свазиленд СЛС
Шведска СДС 1967

3 September

СЛС Денот на префрлањето бил познат како Dagen H. Повеќето патнички автомобили веќе биле со ВЛС. Трамвајските системи во Гетеборг (освен краток дел), Норшепинг и Стокхолм се со СДС. Железницата во Малме користи СДС поради поврзувањето со Данска.
Швајцарија СДС СЛС Трамвајскиот систем во Цирих и метрото во Лозана користат СДС.
Сирија СДС
Тајван СДС 1946 СЛС Бил со СЛС за време на периодот на јапонската власт. Владата на Република Кина го префрлила Тајван во СДС во 1946, заедно со остатокот од Кина. Повеќето метро системи користат СДС.
Таџикистан СДС СДС
Танзанија СЛС
Тајланд СЛС СЛС Една од неколкуте земји со СЛС, а не е поранешна британска колонија. Дели долга копнена граница со Лаос кој е со СДС и Камбоџа.
Того СДС
Тонга СЛС
Тринидад и Тобаго СЛС Поранешна британска колонија.
Тунис СДС СЛС Францускиот СДС бил наметнат во францускиот протекторат Тунис од 1881 година.
Турција СДС СДС
Туркменистан СДС СДС
Тувалу СЛС
Уганда СЛС
Украина СДС 1922[19] СДС Западна Украина била со СЛС, како и повеќето од поранешна Австроунгарија. Карпатската Рутенија останала со СЛС, како дел од Чехословачка, пред да се префрли како дел од Унгарија во 1941 година. Остатокот од Украина, откако бил дел од Руската Империја, веќе возел по десната страна.

Некои делови на Кривји Рих Метротрам користат СЛС, поради тоа што трамваите имаат врати само на десната страна, што го прави невозможно да се користи во СДС на станици со островски платформи.

ОАЕ СДС СДС
Велика Британија СЛС

(Велика Британија)
СДС
(Гибралтар)

1929

(во Гибралтар)

СЛС Ги вклучува кралските депанданси и прекуморски територии: Ајсл оф Мен, Гернси, Џерси, Ангвила, Бермуди, Британски Девствени Острови, Кајмански Острови, Фолкландски Острови, Монтсерат, Островите Питкерн, Острови Турк и Каикос, Света Елена, Вознесение, Тристан да Кунха, сите се со СЛС.

Гибралтар бил со СДС од 1929 година поради својата копнена граница со Шпанија. Каналските Острови (Џерси и Гернзи) возеле на десната страна, под германска окупација, сè до нивното ослободување во 1945 година. На Фолкландските Острови слично се возело на десна страна, за време на нивната окупација од страна на Аргентина во 1982 година. Системот PRT на Лондонскиот терминал 5 на Хитроу користи СДС.

САД СДС

СЛС
(Американски Девствени Острови)

СДС/СЛС[20] Ги вклучува Американска Самоа, Гуам, Северните Маријански Острови, Порторико, Американските Девствени Острови, кои се со СЛС, како и голем дел од Карибите.
Уругвај СДС 1945[21] СЛС Се стекнал со СЛС во 1918 година, но како и во некои други земји во Јужна Америка, се префрлил на СДС на 2 септември 1945 година. До 30 септември била забележано ограничување на брзината од 30 км/ч (19 mph) заради безбедност.
Узбекистан СДС СДС
Вануату СДС
Венецуела СДС СЛС Метрото Каракас користи СДС.
Виетнам СДС СЛС Се стекнал со СДС како Француска Индокина.
Јемен СДС 1977[4] Јужен Јемен, порано британската колонија Аден, се префрлил во СДС во 1977 година. Била издадена серија од поштенски марки за одбележување на настанот. Северен Јемен веќе бил со СДС.
Замбија СЛС
Зимбабве СЛС СЛС Поранешна британска колонија. Во 2010 година владата се обидела да ги забрани возилата со ВДС.

Сообраќајни правила[уреди | уреди извор]

СЛС
СДС
СЛС СДС
Освен ако не претекнуваш остани Лево Десно
Во кружен тек сообраќајот ротира во насока на стрелките на часовникот во насока спротивна од стрелките на часовникот
Сообраќајот во пресрет доаѓа од Десно Лево
Сообраќајот мора да го пропушти сообраќајот во пресрет кога врти Десно Лево
Повеќето сообраќајни знаци се наоѓаат на Лево Десно
Пешаците кога поминуваат двонасочна улица гледаат за сообраќај најпрво од нивната Десно Лево
Две коловозни ленти на автопат Лево Десно
По застанување на црвено светло дозволено е да свртиш Лево Десно

Железнички сообраќај[уреди | уреди извор]

  Возовите возат десно
  Возовите возат лево

Неколку држави во Европа имаат СДС за патишта, но СЛС за возови. Франција воглавно има СЛС за возови, освен во Алзас-Лорен, источната француска територија која припаѓала на Германија, во поголемиот дел од својата историја.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Watson, Ian. „The rule of the road, 1919-1986: A case study of standards change“ (PDF). Посетено на 30 November 2016.
  2. LHD Specialist: Location of the Steering Wheel Архивирано на 21 септември 2011 г.
  3. New Scientist, Volume 112, IPC Magazines, 1986, page 18
  4. 4,0 4,1 Kincaid, Peter (December 1986). The Rule of the Road: An International Guide to History and Practice. Greenwood Press. стр. 50, 86–88, 99–100, 121–122, 198–202. ISBN 0-313-25249-1.
  5. „Worldwide Driving Orientation by Country“. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 13 December 2016.
  6. https://www.youtube.com/watch?v=RqL4Ky7ebRQ
  7. „;Hvorfor kører nogle lande i højre side? (Why do some countries drive on the right side?)“. videnskab.dk. Посетено на 31 Aug 2014.
  8. 'Left is right on the road'[мртва врска], Mick Hamer New Scientist, 25 December 1986 – 1 January 1987 No 1540/1541, p.16.
  9. Tourist and Business Directory - The Gambia, 1969, page 19
  10. Daily Graphic, Issue 7526, December 21 1974, page 9
  11. hadi anto (26 July 2016). „indonesia train compilation“ – преку YouTube.
  12. Peter van Ammelrooy. „De Claim links rijden“ (холандски). Volkskrant.nl. Посетено на 2014-05-14.
  13. Africa, Issues 6-10, Africa Journal, Limited, 1972, page 32
  14. Panama Shifts To Right Handed Driving Of Cars Архивирано на 11 јануари 2017 г., Chicago Tribune, April 25, 1943
  15. De izquierda a derecha, ABC Color, 2 March 2014
  16. „Executive Order No. 34, s. 1945“. www.officialgazzete.gov.ph. Архивирано од изворникот на 2020-11-09. Посетено на 2018-03-19.
  17. The Rising Sun: A History of the All People's Congress Party of Sierra Leone, A.P.C. Secretariat, 1982, page 396
  18. „Somalia – Visa service and travel information“. Travcour. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 22 August 2013.
  19. „Krakowska Komunikacja Miejska – autobusy, tramwaje i krakowskie inwestycje drogowe – History of the Cracow tram network“. Komunikacja.krakow.eurocity.pl. 28 November 1982. Архивирано од изворникот на 2011-08-19. Посетено на 11 May 2009.
  20. „Which side of the road do they drive on?“. brianlucas.ca.
  21. El día en que el Río de la Plata dejó de manejar por la izquierda, Autoblog, 25 August 2015

Надворешни врски[уреди | уреди извор]