Стоболки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стоболки
Период: среден миоцен - денес
Европска стоболка (Spermophilus citellus)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Потколено: ‘Рбетници
Класа: Цицачи
Ред: Глодачи
Семејство: Верверици
Племе: Наземни верверици
Род: Стоболки
Cuvier, 1825
Видови

Во текстот.

Стоболките (науч. Spermophilus) се род на наземни животни од семејството Верверици (Sciuridae). Постојат вкупно 40 видови и највеќето од нив влегуваат во овој род. Меѓутоа Spermophilus во поширока смисла е парафилетичен на прериски кучиња, мрмоти и антилопски верверици кои се од поинакво потекло. Затоа стоболките се рапсределени во неколку рода. Научното име Spermophilus значи „љубител на семиња“.

Стоболките имаат вошки кои им пренесуваат заразни болести на луѓето и знаат да поткопаат темели кога прават подземни тунели близу до куќи и други објекти. Иако се способни за искачување, највеќето видови живеат на отворени голи предели без дрва.[1]

Видови[уреди | уреди извор]

Во 2007 е направена филогенетска анализа на стоболките, користејќи го митохондрискиот ген цитохром b. Согласно наодите, Spermophilus е поделен на осум рода, со тоа што прериските кучиња, мрмотите и антилопските верверици се наведени како наброени кладови. Точните врски помеѓу овие кладови не се сосем разјаснети. Помеѓу овие, единаесетте исклучиво палеарктички видови остануваат составен дел од Spermophilus sensu stricto („во најтесна смисла“).

  • клад 2, Ammospermophilus - антилопски верверици
погл. антилопска верверица.
  • клад 6, Cynomys - прериски кучиња
погл. прериско куче.
  • клад 7, Poliocitellus
  • клад 8, Ictidomys - мали стоболки
  • клад 9, Marmota - мрмоти
погл. мрмот.
  • клад 11, Spermophilus sensu stricto - старосветски стоболки

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Helgen, Kristofer M.; Cole, F. Russel; Helgen, Lauren E.; and Wilson, Don E (2009). „Generic Revision in the Holarctic Ground Squirrel Genus Spermophilus (PDF). Journal of Mammalogy. 90 (2): 270–305. doi:10.1644/07-MAMM-A-309.1. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-04-15. Посетено на 2012-01-14.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)