Срп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Срп
Жетварски срп
Класификацијасекач
Сроднокоса

Срп — закривена рачна земјоделска алатка која обично се користела за жнеење житни култури пред да биде измислена современата жетвена машинерија. Се состои од закривено сечило со кратка рачка. Внатрешноста на кривината е остра, така што при замавнување со него по основата на растението, работникот едновремено го го потфаќа и сече растението. Слична на оваа алатка е косата. Највоочливата разлика помеѓу српот и косата е обликот на сечилото - кај косата тоа е поправо, додека кај спрот е повеќе во облик на буквата „С“ со зашилување на крајот, како и должината на рачката.

Во старогрчката митологија српот е оружје на Хрон и Персеј.

Друга употреба[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Предлошка:Алатки