Спиро Олчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спиро Олчев
Роден 1870
Дрмени, Османлиско Царство
Починал 23 април 1954
Софија, Бугарија

Спиро Олчев (Дрмени, Ресенско, 25 декември 1870 - Софија, 23 април 1954) — македонски револуционер, деец на ВМОРО и ресенски војвода.

Животопис[уреди | уреди извор]

Спиро Олчев

Олчев е роден на 25 декември 1870 година во Дрмени, Ресенско, во Османлиското Царство, денес во Република Македонија. Брат му Христо Олчев бил книжар во Софија[1]. Четврти клас гимназија завршил во Софија. Бил војвода на селска чета од родното место за време на Илинденското востание. Во Грција бил затворен од грчките власти, од каде пребегнал за Софија. Потоа во 1905 година пак се вратил во родниот крај. Во Битола отворил книжарница која постоела сè до доаѓањето на Србите во Вардарска Македонија во 1912 година. Починал на 23 април 1954 година во Софија.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Милетич, Љубомир. Борбата во Костурско и Охридско (до 1904 г.). По спомени на Иван Попов, Смиле Войданов, Деян Димитров и Никола Митрев, Македонски научен институт, Софија,1926, стр.62“. Архивирано од изворникот на 2013-12-12. Посетено на 2016-02-29. no-break space character во |title= во положба 59 (help)
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 121.