Солунските атентатори (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Солунските атентатори“
РежисерЖиворад Митровиќ
СценаристЈован Бошковски
Главни улогиСтево Спасовски
Истреф Беголи
Мерлиес Беренс
Александар Гавриќ
Дарко Дамевски
Марко Тодоровиќ
Петре Прличко
Јоаким Мок
Јон Исаја
Стојка Цекова
Жанрдрама, историски
МузикаДушан Радиќ
ДистрибутерВардар филм
Премиера1961
Времетраење106 мин.
ЗемјаНР Македонија СР Македонија
Јазикмакедонски
француски

„Солунските атентатори“ e македонски игран филм од 1961 година. Филмот е снимен по сценариото на Јован Бошковски, а во режија на Живорад Митровиќ. Снимател бил Мишо Самоиловски, а музиката ја компонирал Душан Радиќ.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Во почетокот на 20 век Македонија и натаму се наоѓа во ропска положба под власта на Отоманското Царство. Како одговор на теророт на кој е изложен македонскиот народ, се пројавуваат низа различни начини на реакција, како што се организираните чети комити, подготовката за востание, а меѓу другото и акциите на гемиџиите во Солун.

Сакајќи да го привлечат вниманието на светската јавност врз Македонија, гемиџиите, група македонски анархосоцијалисти, синови на богати трговци кои се под влијание на руската нихилистичка литаратура и идеите на женевските анархисти, решаваат да извршат во април 1903 година низа напади на објекти во Солун, во кои е инвестиран странски капитал. Целта на овие напади се францускиот брод Гвадалкивир, Отоманската банка, Електричната централа, Поштата.

Оружјето со кое се подготвуваат да ги извршат своите акции Коста Кирков, Орце Поп-Јорданов, Илија Трчков, Павел Шатев, Димитар Мечев, Пингов и Иван Попов го снабдуваат, меѓу другото, и преку трговската фирма на Кирков. Подготовките се вршат во голема тајност, но власта сепак претпоставува одредени тероростички напади. Најголем проблем претставува рушењето на Отоманската банка, меѓу другото и поради можноста да настрадаат недолжни луѓе. За ден на нападите е одбрана ноќта на карневалските свечености кога во објектите одбрани за акција нема луѓе. Акциите се извршуваат синхронизирано и во нив, како што претходно беше решено, гинат повеќето од учесниците, свесно жртвувајќи го својот живот за иднината на слободна Македонија.