Сода-вода

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зголемена слика на меурчиња од гас во сода-вода.

Сода-вода, позната и како газирана вода или кисела вода, е вид на минерална вода која настанува од обична вода H2O, во која е растворен гасот јаглерод диоксид CO2. Притоа се создава реверзибилна реакција, односно динамичка рамнотежа, во која дел од молекулите на гасот и водата реагираат и формираат јаглеродна киселина H2CO3, а дел од молекулите од гасот остануваат во водата во форма на меурчиња. Оттаму и киселиот вкус на газираната вода.

Поради својата освежителна трпкост (од меурчињата) и киселост, сода-водата е основна состојка на многу безалкохолни пијалаци.

Сода-вода, евентуално и со други минерални примеси, се наоѓа и во природата. Во Македонија најпознат извор е Меџитлија, близу до Битола. Изворите на сода-вода во природата може да бидат опасни за луѓето бидејќи околу нив е многу голема концентрацијата на јаглерод диоксид и други отровни гасови[1].

Наводи[уреди | уреди извор]