Словенечки брег

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сателитска слика
Копер
Изола
Пиран

Словенечки брег или Словенечка ривиера (словенечки: Slovenska obala) — крајбрежното подрачје на Словенија, сместен покрај Трстјанскиот Залив на Јадранско Море. Таа е дел од полуостровот Истра и нејзината должина изнесува 46,6 км. Подрачјето се состои од градовите Копер, Пиран и Изола.

Географија[уреди | уреди извор]

Крајбрежјето на словенија се протега долж дел од полуостровот Истра и спаѓа во Крајбрежно-крашкиот статистички регион и во историската област на словенечкото крајбрежје. Се граничи со Италија на север, и со Хрватска на југ. Најсеверна точка е местото Дебели Ртич во Коперски Залив; а најјужна точка е селото Сечоле во Пиранскиот Залив.

Подрачјето опфаќа 13 населби, поделени на следниве општини:

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Крајбрежјето се состои од пристаништата Копер, Пиран, Луција и Порторож. Железничката станица во Копер е завршеток на релацијата Дивача-Копер, и аеродромот Порторож е сместен близу Сечовле и хрватската граница. Главни патишта овде се патот 111, кој се приклучува на автопатот А-1 (до Љубљана и Марибор) кај Копер.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 45°33′N 13°44′E / 45.550° СГШ; 13.733° ИГД / 45.550; 13.733