Скочивирска Клисура

Координати: 41°4′30″N 21°40′15.6″E / 41.07500° СГШ; 21.671000° ИГД / 41.07500; 21.671000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед на Клисурата кај с.Рапеш во битолскиот дел на Мариово
Скочивирска Клисура во рамките на Македонија
Скочивир
Возарци
Скочивирската Клисура (почеток и крај) во рамките на Македонија

Скочивирска Клисура — клисура во средниот до јужниот дел на Македонија која, со преку 80 км,[1][2] претставува најдолгата клисура во земјата. Почнува од селото Скочивир во југоисточниот дел на котлината Пелагонија и завршува во селото Возарци во Тиквешката Котлина.

Низ клисурата тече реката Црна, каде течението е всечено во кристалести шкрилци (гнајс) и наместа во гранити.

Морфологија[уреди | уреди извор]

Морфолошки, клисурата може да се подели на три дела:

  • првиот е потегот меѓу Пелагониската и Мариовската Котлина, каде долината од страните има пад повисок од 900 м;
  • вториот дел ја опфаќа широката висорамнина на Мариовската Котлина
  • третиот дел го опфаќа потегот од утоката на реката Блашица до селото Возарци.

За највпечатлив предел на клисурата важи оној помеѓу утоките на реките Бела и Коњарка, каде се среќаваат мошне интересни образби како огромни лонци, брзаци и слапови високи до 3 м.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Скочивирска Клисура. стр. 1373“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
  2. други извори даваат 104 км.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°4′30″N 21°40′15.6″E / 41.07500° СГШ; 21.671000° ИГД / 41.07500; 21.671000