Ситопечат

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ситопечат — графичка техника во која отпечатокот се реализира при притискање на боја низ печатарската форма која е изработена од свила затегната на дрвена или алуминиумска рамка.

Примена[уреди | уреди извор]

Со оглед на разновидните можности, оваа техника има примена во многу други индустриски гранки, а особено при печатење на готови производи.

Посебно место зазема во текстилната индустрија[1].

Историја[уреди | уреди извор]

Ситопечатот потекнува уште од старата Кина, за првпат забележан е во династијата Сунг (960-1279 п.н.е.) каде што постоела техника слична на печатење на ситопечат. Во тоа време, се појавле првите печатени пари во светот.

Со текот на годините, оваа техника е усвоена од многу други земји и култури во Азија, а особено Јапонија, која ќе ја доведе до совршенство.

Со векови, Истокот ја чувал тајната за прецизно печатење на текстил и пергамент со свилена перфорација.

Метод[уреди | уреди извор]

За разлика од другите печатарски техники, ситопечатот овозможува разновидни можности со кои се постигнува различна дебелина на слоевите на бојата, релјефност, делувајќи како тридимензионална слика.

Воедно печатењето на ситото од свила може да биде со изработка на шаблон, залепен на свилата, може да биде со цртањена непропушлив филм на свилата како и со нанесување на фото емулзија која под дејство на светлината и водата, ги дава скоро истите ефекти како кај фотографијата[2].

Галерија[уреди | уреди извор]

Материјали за ситопечат
Печатење на ситопечат

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Паригин А. Б. Уметноста на ситопечатот. XX век (историја, феноменологија,техники, поими). – СПб.: СПб ГУТД, 2010. – 304 с. (рус). – ISBN 978-5-7937-0490-8
  • Бигелеисен Џ. И. Ситопечат: Современ водич. – Њујорк, 1972

Наводи[уреди | уреди извор]