Сите го сакаат Рејмонд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сите го сакаат Рејмонд
Создадена одФилип Розентал
УлогиРеј Романо(Рејмонд)
Патриша Хитон(Дебра)
Бред Герет(Роберт)
Моника Хоран(Ејми)
Медлин Суитн(Али)
Дорис Робертс(Мари)
Питер Бојл(Френк)
Земја на потекло САД
Бр. на сезони9
Бр. на епизоди210
Продукција
Времетраење30 минути
Прикажување
Првична мрежаCBS
Првично прикажување13 септември, 1996 – 16 мај, 2005
Надворешни врски
Мрежна страницаcbs.com/primetime/raymond.html

Сите го сакаат Рејмонд (англиски: Everybody loves Raymond) е американски ситком емитуван на телевизијата CBS од 1996 до 2005. Заедно со Сајнфелд, Пријатели, Фрејзер и други, ова е еден од најпознатите американски ситкоми.

Серијата се врти околу секојдневниот живот на итало-американецот Реј Барон, писател на спортска колумна во весник, кој живее со својата жена Дебра Барон, нивната ќерка Али и нивните идентични синови Мајкл и Џефри. Родителите на Реј и неговиот љубоморен и несигурен брат Роберт, не ги оставаат Реј и Дебра на мира ни еден момент. Реј често се вмешува во нечии проблеми, но на крај обично тој излегува виновен.

Сите го сакаат Рејмонд кај нас се емитуваше на Сител телевизија.

Позадина[уреди | уреди извор]

Заснована на вистински искуства на Реј Романо, Сите го сакаат Рејмонд премиерно се прикажа на 13 септември 1996. на CBS. Серијата е продуцирана од HBO, Worldwide Pants во асоцијација со Where’s Lunch?. Иако првата сезона не беше многу гледана главно поради лошиот термин петок навечер, понатамошните сезони се емитуваа во нов термин и ја победуваа конкуренцијата. Една од најсилните конкуренти во тој термин беше Ели МекБил. Последната епизода беше емитувана на 16 мај 2005, а според гледаноста се наоѓа позади сериите М*А*S*H, На здравје, Married... with Children, Сајнфелд, Home Improvement, Луд по тебе, Сексот и градот, Фрејзер и Пријатели, а пред Вил и Грејс и Кралот на Квинс.

Гледаност[уреди | уреди извор]

Американска гледаност по сезона, според рејтинзите на Нилсен.

Сезона Термин Премиера Финале ТВ сезона Рангирање Гледачи
(во милиони)
1 Петок во 20:30 13 септември, 1996 7 април, 1997 1996-1997 #82 10.6
2 Понеделник 20:30 22 септември, 1997 18 мај, 1998 1997-1998 #30 13.3
3 Понеделник 21:00 21 септември, 1998 24 мај, 1999 1998-1999 #11 15.5
4 20 септември, 1999 22 мај, 2000 1999-2000 #12 17.1
5 2 октомври, 2000 21 мај, 2001 2000-2001 #5 19.1
6 24 септември, 2001 13 мај, 2002 2001-2002 #4 20.0
7 23 септември, 2002 19 мај, 2003 2002-2003 #7 18.6
8 22 септември, 2003 24 мај, 2004 2003-2004 #10 17.4
9 September 20, 2004 May 16, 2005 2004-2005 #10 17.4

Глумците по Сите го сакаат Рејмонд[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]