Северен Крст

Од Википедија — слободната енциклопедија
Северниот Крст, обележан со зелено на бела основа.

Северен Крстастеризам на северната небесна полутопка во соѕвездието Лебед. Зафаќа многу поголема површина од соѕвездието Јужен Крст и се состои од најсјајните ѕвезди на Лебед — Денеб, Садр, Џена, Фаварис и Албирео. „Главата“ на крстот, Денеб, воедно е дел и од астеризмот Јужен Триаголник.

Како и Јужниот Триаголник, Северниот Крст е показател за годишните времиња. Околу полноќ крстот се наоѓа право врз набљудувачот на средносеверна географска должина во текот на летните месеци; може да се забележи напролет, ако се погледа кон исток во раните утрински часови. Наесен крстот се гледа навечер на запад сè до ноември. Никогаш не се спушта под хоризонтот, или над 45° СГШ, туку при најниската точка се допира со северниот хоризонт во места како Минеаполис, Монтреал и Торино. Од јужната полутопка се гледа наопачки и ниско на небото во текот на зимските месеци.

Во ѕвездениот атлас Уранометрија (XVII век) Јохан Бајер вели дека Алфа, Бета и Гама Лебед го образуваат дирекот на христијански крст, додека пак Делта и Епсилон ја сочинуваат накрсната греда. Променливата ѕвезда P Лебед тогаш се сметала за телото на Христос.[1]

Составни ѕвезди[уреди | уреди извор]

Име Бајерова ознака Прив.
величина
Сјајност
Сончеви)
Спект. тип Оддалеченост
(сг)
Денеб α Лебед 1,25 200.000 A2 2615 ± 215
Џена ε Лебед 2,48 52 K0III-IV 72
Фаварис δ Лебед 2,87 76 B9 III + F1 V 170
Садр γ Лебед 2,23 33.000 F8 Iab 1600
Албирео β Лебед 3 1.200 K2II 430

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Wagman, Morton (2003). Lost Stars: Lost, Missing and Troublesome Stars from the Catalogues of Johannes Bayer, Nicholas Louis de Lacaille, John Flamsteed, and Sundry Others. Blacksburg, Virginia: The McDonald & Woodward Publishing Company. стр. 131. ISBN 978-0-939923-78-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]