Свјат Dreams

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Свјат Dreams“ —е втор албум на македонската рок-група „Мизар“. Името го добил според песната на Eurythmics - Sweet Dreams (Are Made of This). Снимен е во 1991 година, со постава: Горан Таневски (вокали), Горазд Чаповски (гитара), Борис Георгиев (тапани), Сашо Крстевски (бас гитара) и Катерина Велјановска (клавијатури). Меѓу останатите, на „Свјат Dreams“ се наоѓа и преработката на македонската народна песна „1762 лето“, како и песната на Ристо Вртев (првиот вокал на Мизар) - „Дом“. Албумот содржи 10 студиски песни, 2 демо снимки и 1 песна во живо.

Песни на Свјат Dreams[уреди | уреди извор]

  1. 1762 лето
  2. Глас
  3. Думање
  4. Дом
  5. Велигден
  6. Свјат Dreams
  7. Да пеам песна
  8. Отров во вените
  9. Обичен човек
  10. Абја Мем
  11. Да пеам песна
  12. Старееш (демо)
  13. The Fog (демо)