Светлосна енергија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во фотометријата, светлосна енергија е восприемената енергија на светлината. Понекогаш се нарекува и количество светлина.

Светлосната енергијасе разликува од мерката за зрачна енергија, која е аналогна на неа, но претставува објективна физичка величина. Причината за ова е тоа што човечкото око ја гледа само светлината во видливиот спектар и неговата чувствителност на светлина се разликува на различни бранови должини во рамките на спектарот. ога е прилагоден на посилна светлина (фотопен вид), окото е најчувствително на бранова должина од 555 nm. Светлината со иста моќ, а на подолги и пократки бранови должини има помала светлосна енергија.

Единици[уреди | уреди извор]

Во системот SI, единицата за светлосна енергија е луменсекундата, неформално наречена „талбот“ во чест на фотографскиот пионер Вилијам Хенри Фокс Талбот (1800-1877).

Во другите мерни системи, светлосната енергија се изразува со основните единици за енергија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Фотометриски единици на SI
Величина Симбол[б 1] SI-единица Симбол Димензија Белешки
Светлосна енергија Qv [б 2] лумен-секунда lm⋅s T⋅J единицата е наречена и „талбот“
Светлосен тек Φv [б 2] лумен (= cd⋅sr) lm J наречен и „светлосна моќ“
Светлосна јачина Iv кандела (= lm/sr) cd [б 3] основна SI-единица, светлосен тек по единица просторен агол
Блескавост Lv кандела на квадратен метар cd/m2 L−2⋅J единиците се наречени и „нити“
Осветленост Ev лукс (= lm/m2) lx L−2⋅J за светлина врз површина
Светлосна излезност Mv лукс (= lm/m2) lx L−2⋅J за светлина израчена од дадена површина
Светлосна изложеност Hv лукс-секунда lx⋅s L−2⋅T⋅J
Густина на светлосна енергија ωv лумен-секунда на кубен метар lm⋅sm−3 L−3⋅T⋅J
Светлосна делотворност η [б 2] лумен по ват lm/W M−1⋅L−2⋅T3⋅J сооднос на светлосниот тек со зрачниот тек
Поврзано: SI · Фотометрија · Радиометрија
  1. Стандардизационите организации препорачуваат фотометриските величини да се бележат со наставката v (знач. „визуелна“) за да нема забуни со радиометриските и фотонските величини.
  2. 2,0 2,1 2,2 Се јавуваат и други симболи: W за светлосна енергија, P или F за светлосен тек, и ρ или K за светлосна делотворност.
  3. Системот SI препорачува употреба на „J“ како симбол на димензијата на светлосната јачина.