Санкање на Зимските олимписки игри 2010 - поединечно за мажи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Санкање на
Зимските олимписки игри 2010
Поединечно   мажи   жени
Двојки   мажи    
Квалификации


Поединечните натпревари во санкање во машка конкуренција на Зимските олимписки игри 2010 се одржаа на 13 и 14 февруари во Вислер.

Сите натпревари се одржаа во Вислер. На 13 февруари, со почеток во 17:00 и 21:00 по месно време се одржаа првите две трки, а третата и четвртата се одржаа следниот ден со почеток во 13:00 и 17:00.

Златниот медал го освои Германецот Феликс Лох.

Смртта на Нодар Кумариташвили[уреди | уреди извор]

На 12 февруари, на првиот тренинг, трагично загина грузискиот санкач Нодар Кумариташвили, кој со брзина од 143,3 км/ч изгуби контрола над санката и удри во челичен столб.[1]

Освојувачи на медали[уреди | уреди извор]

Злато Сребро Бронза
Германија Феликс Лох Германија Давид Мелер Италија Армин Цегелер

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ZINSER, LYNN (12 февруари 2010). „Luge Athlete Killed in Training Crash at Olympics“. New York Times. Посетено на 12 февруари 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]