Сади Беџети

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сади Беџети
Градоначалник на Општина Тетово
На должноста
2009 – 2013
Претходник Хазби Лика
Наследник Теута Арифи
Лични податоци
Роден(а) 1 ноември 1957
Лисец, Тетовско, СФРЈ
денес Република Македонија
Националност Албанец
Партија ДПА
Установа Универзитет во Приштана
Вероисповед ислам

Проф. д-рСади Беџети (албански:Sadi Bexheti: Лисец, тетовско 1 ноември 1957) — македонски универзитетски професор, ректор на Тетовскиот универзитет и градоначалник на Општина Тетово во периодот 2009-2013.

Животопис[уреди | уреди извор]

Беџети е роден на 1 ноември 1957 година во тетовското село Лисец. Основно образование завршил во Речица, Тетово, во периодот од 1964 до 1972 година. Средно образование го усовршувал во тетовската гимназија во текот на периодот 1972-1976, додека во 1981 дипломирал на Медицинскиот факултетот во Приштина. Во 1987 докторира во заводот за анатомија „Драго Перовиќ„ на Медицинскиод факултет во Загреб. На приштинскиот факултет почнува како асистент, се унапредува во доцент и врвот го достигнува како професор во 2000 година каде потоа заминува во Тетово и учествува во основањето на Тетовскиот државен универзитет. Во периодот до 2000 година е декан на Медицинскиот факултет на Тетовскиот универзитет[1]. Во 2007 станува ректор на универзитетот во Тетово и во 2009 е претседател на меѓууниверзитетска конференција на Македонија.[2] На локалните избори во 2009 како кандидат на ДПА, Беџети влегува во вториот круг и станува градоначалник на Општина Тетово[3]. При Фармацевтскиот факултет на ДУТ предава Анатомија на човекот и хистологија со ембриологија на човекот.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • „Односите помеѓу ендопластиката и модуларното организирање на енториналната ареја кај човекот“ Магистерски труд, Факултет за природно математички науки во Загреб , во 1985.
  • „Цитоархитектонска организација на станичните колумни на енториналниот коретес на човекот“ ("Citoarhitektonska organizacija staničnih kolumni was entorinalnom korteksu čovjeka"). Докторска теза, Медицински факултет, Универзитет во Загреб, 1987.
  • Топографските односи на цистична артерија„ . Praxis Medika, 24 (1983) 1:9-17. (соавтори: Вела А., Бехлули И.)
  • „Односите на А хепатити и нивното клиничко значање“. Praxis Medika, 26 (1984) 11:3-11 (соавтори: Вела А., Бехлули И., Нурај Б)
  • “Hemispheric asymmetry, modular variability and age related changes in the human entorhinal cortex”. Neuroscience (2004, соавтори Simić G., Kelovič Z., Kos M., Grbić K., Hof P.R., Kostović I).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Блажевска, Маја (15 март 2007). „Сади Беџети избран за ректор на Тетовскиот универзитет“. А1. Посетено на 2009-11-04.
  2. Тркалезна маса – меѓууниверзитетска конференција “Реформите во високото образование – трендовите и предизвиците” 31 јули 2009
  3. „Мртва трка“. Deutsche Welle. 30 март 2009. Посетено на 2009-11-04.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]