Роман Павличенко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Роман Павличенко
Лични податоци
Полно име Роман Анатолевич Павличенко
Роден на 15 декември 1981(1981-12-15)(42 г.)
Роден во Краснодарски крај, СССР
Висина 1.88 м[1][2]
Позиција напад
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Тотенхем
Број 9
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1998–1999 Динамо Ставропол 31 (21)
2000–2002 Ротор Волгоград 65 (15)
2003–2008 Спартак Москва 141 (89)
2008– ФК Локомотив Москва 78 (21)
Репрезентација
2003– Фудбалска репрезентација на Русија 50 (21)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 23 јули 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 23 јули 2012

Роман Павличенко (руски: Роман Анатольевич Павлюченко, роден на 15 декември 1981) — руски фудбалер кој во моментот настапува за екипата на ФК Тотенхем.

Павличенко своето деби во фудбалот го направил за екипата на ФК Динамо Ставропол во 1999. Во 2000 тој се преселил да игра во Ротор Волгоград и се задржил во тимот 3 години каде постогнал 14 гола во 65 натпревари за својот тим.

Павличенко се преселил во ФК Спартак Москва во пролетта 2003. Павличенко станал голем голгетер на тимот, постигнувајќи 77 погодоци во 147 натпревари. Во 2006 станал голгетер на Руската премиер лига. Во 2007 станал втор капитен на Спартак, заедно со Моцарт Сантош.

На 1 септември 2008, Роман официјално потпишал со Тотенхем за сума од 14 милиони евра. Тој го добил дресот со број 9.

Роман Павличенко дебитирал за репрезентацијата на Русија во 2003 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Profile“. Spartak Moscow. Архивирано од изворникот на 2008-08-13. Посетено на 2011-08-10.
  2. „Premier League Player Profile“. Premier League. Архивирано од изворникот на 2021-06-03. Посетено на 6 April 2011.