Рекански дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија
Реканскиот дијалект на картата на македонските дијалекти

Рекански дијалект или жировнички дијалект — дијалект што спаѓа во подгрупата на западни и северозападни дијалекти на западното наречје на македонскиот јазик. Реканскиот дијалект е близок дијалект со галичкиот дијалект и со дебарскиот дијалект. Овој дијалект, како и останатите од оваа група, содржи доста архаични зборови.

Територија[уреди | уреди извор]

Дијалектот се зборува во селата Жировница, Видуше и Болетин кои се наоѓаат во горниот тек на реката Радика.

Фонолошки одлики[уреди | уреди извор]

  • зачестена употреба на согласката ф
  • намалена употреба на согласката Џ, наместо неа се употребува ж или жд
  • употреба на о наместо а

Морфолошки одлики[уреди | уреди извор]

  • завршетокот на глаголите од а групата често се изговараат како глаголи од е група: играaт > играет
  • употреба на трите членови
  • употреба на наставката за трето лице еднина
  • употреба на предлогот во/в.