Продавници со боја на цимет

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Продавници со боја на цимет“ (полски: Sklepy cynamonowe) — збирка раскази на полскиот писател Бруно Шулц, првобитно објавена во 1934 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката се состои од следниве раскази:[1]

  • Август
  • Следење
  • Птици
  • Модели
  • Трактат за моделите или Втората книга на создавањето
  • Трактат за моделите, продолжение
  • Трактат за моделите, крај
  • Нимрод
  • Пан
  • Господинот Карол
  • Продавници со боја на цимет
  • Крокодилска улица
  • Тавтабити
  • Бура
  • Ноќ на големата сезона

Осврт кон делото[уреди | уреди извор]

Во збирката се опишува животот на едно Еврејско семејство во мал провинциски град. Делото има автобиографски карактер, зашто еден од главните ликови е таткото на авторот, Јаков, сопственик на продавница за текстилни материјали, но и ексцентричен експериментатор со натприродни способности, кој живее на границата меѓу животот и смртта.[1] Во едно писмо до Стањислав Виткјевич, Бруно Шулц вели дека се оградува од обидот за филозофска интерпретација на „Продавниците со боја на цимет“, сметајќи дека рационализацијата на уметничкото дело е еднаква на демаскирање на глумците, дека тоа е крај на забавата, осиромашување на проблематиката на делото. Според него, обидот за филозофско толкување на делото повеќе би претставувал опис на стварноста што е дадена таму, отколку нејзино образложение. Сепак, тој објаснува дека збирката „Продавници со боја на цимет“ дава рецепт на стварноста и воспоставуваат специјален вид супстанција во состојба на непрекината ферментација, која постои само еден миг во определена форма. Во однос на класификацијата, авторот вели дека се работи за автобиографско дело, не само затоа што е напишано во прво лице еднина и што содржи некои настани од неговото детство, туку затоа што ја покажува неговата духовна генеалогија. Според него, во романот тој се обидел да ја пронајде сопствената, приватна „митологија“, сопствените „приказни“, својата митска генеза.[2]

Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]

Делото „Продавници со боја на цимет“ е преведено на македонски јазик. Во 2005 година, тоа е објавено од издавачката куќа „Темплум“ како 22. кига во библиотеката „Магма“, а подоцна и од „Бегемот“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Bruno Šulc, Cimetaste prodavnice. Beograd: Paidea, 2015.
  2. „Писмо до Станислав Игнаци Виткјевич“, во: Бруно Шулц, Митизација на реалноста. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 118-125.