Президиум на АСНОМ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Списоци на: членови на Президиумот на АСНОМ избрани на Второто вонредно заседание на 30 декември 1944 година, како и на сите членови на АСНОМ (по азбучен ред)

Президиумот на АСНОМ е раководен орган на АСНОМ со извршни и законодавни ингеренции. Своите законодавни ингеренции ги извршува во периодите помеѓу пленарните заседанија на АСНОМ, а извршните ингеренции - самостојно. Избран е на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, а постои до Третото заседание на АСНОМ од април 1945 година, кога се реконституира како Президиум на Народното Собрание на Македонија. Претседател на Президиумот на АСНОМ е Методија Андонов - Ченто.

Состав на првиот Президиум на АСНОМ[уреди | уреди извор]

Во составот на првиот Президиум на АСНОМ, избран на Првото заседание на АСНОМ, влегуваат следните 22 делегати на АСНОМ:[1]

Методија Андонов - Ченто Панко Брашнаров Емануел Чучков Љупчо Арсов Владимир Полежиноски
Претседател I Потпретседател II Потпретседател Секретар Секретар
Членови
Венко Марковски Цветко Узуновски Богоја Фотев Михајло Апостолски Страхил Гигов Петре Пирузе Кирил Петрушев Јован Ѓоргов Епаминонда Поп Андонов
Генадие Лешков Кемал Аголи Лазар Соколов Вера Ацева Камбер Хасан Ацо Петровски Младен Челопечки Лилјана Чаловска

За поефикасно вршење на извршните ингеренции, на 6 август во рамките на Президиумот на АСНОМ се формираат осум поверенства. За повереници се назначени: Брашнаров (за информации), Петрушев (за внатрешни работи), Поп Андонов (за просвета), Соколов (за народно стопанство и обнова), Фотев (за финансии), Гигов (за сообраќај и градежништво), Петровски (за социјална политика) и Пирузе (за судство).[2]

Во периодот до Второто заседание на АСНОМ, Президиумот донел повеќе решенија: решение за организација поверенства при Президиумот на АСНОМ и именување на нивните раководители, за поделба на Македонија на области, околии и општини, за издавање бонови, за организирање на аптекарската служба, за мобилизирање на аптекарите и откупување на приватните аптеки, за организирање на аналфабетски курсеви, за востановување на учителска школа, за востановување на основна и средна настава, за востановување на државна здравствена служба, за востановување на весник, орган на АСНОМ, за востановување на народна милиција, за важноста на левот и лекот, за создавање фондови за исхрана и др.

Второто заседание на АСНОМ и Работното тело на Президиумот на АСНОМ[уреди | уреди извор]

На Второто заседание на АСНОМ, одржано од 28 до 30 декември 1944 година, бројот на членови на Президиумот е зголемен од 22 на 32. Ченто останува претседател, додека Лазар Колишевски е избран за прв потпретседател, а Неџат Аголи за втор потпретседател. Борис Спиров е избран за прв секретар, а Епаминонда Поп Андонов за втор секретар. За членови се избрани:[3]

На 1 јануари 1945 година Президиумот на АСНОМ ги избра следните повереници: Кирил Петрушев (за внатрешни работи), Киро Глигоров (за финансии), Страхил Гигов (за индустрија и занаетчиство), Киро Миљовски (за трговија и снабдување), Димитар Миревски (за просвета), Петре Пирузе (за судство), Никола Минчев (за изградба на власта), Мире Анастасов (за шуми и руди), Богоја Фотев (за земјоделство), Ацо Петровски (за социјална политика), Стерјо Боздов (за народно здравје) и Георги Василев (за соопштенија и градежништво).[4]

На почетокот на јануари 1945 година под изговор дека Президиумот е „многу крупен и непродуктивен“, се формира Работното тело на Президиумот на АСНОМ на чело со Лазар Колишевски. Ченто, иако претседател на Президиумот на АСНОМ, не е член на Работното тело. Вакво тело не постоело ниту во федерацијата, ниту во другите републики.

Третото заседание на АСНОМ[уреди | уреди извор]

На Третото заседание на АСНОМ, одржано од 14 до 16 април 1945 година е донесен Законот за изменување и дополнување на Решението за конституирање на АСНОМ како врховен законодавен и извршен орган на државната власт на Демократска Македонија, со кој се менува местото и улогата на Президиумот во системот на власта на Федерална Македонија. Врз основа на овој закон, Президиумот, преименуван во Президиум на Народното Собрание на Македонија, продолжува да ја врши законодавната функција помеѓу заседанијата на Собранието, но извршната функција е пренесена на новоформираната влада на чело со Лазар Колишевски. При тој процес се укинати и поверенствата во состав на Президиумот.

Во согласност со овие промени, на седницата на АСНОМ од 15 април, Президиумот на АСНОМ поднесува оставка, по што следниот ден е избран составот на Президиумот на Народното Собрание на Македонија.

Во неговиот состав влегуваат следните 13 лица:[3]

Во однос на првиот состав на Президиумот на АСНОМ, во составот на Президиумот на Народното Собрание на Македонија се само: Ченто, Брашнаров, Петровски и Узуновски.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Вера Весковиќ-Вангели, Владо Иваноски (уредници), „Президиум на АСНОМ: записници“, Институт за национална историја, Скопје, 1994.
  • Билјана Поповска, „Президиумот на АСНОМ во изградбата на системот на власта и во обновата и развојот на стопанството на Демократска Федерална Македонија“, „Матица македонска“, Скопје, 2002.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Службен весник на федералната единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија, 1/1945, 47-48 стр.
  2. „Прва народна влада на Македонија“, Републички комитет за информации, Скопје, 1985, 33 стр.
  3. 3,0 3,1 Службен весник на федералната единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија, 1/1945, 50 стр.
  4. „Нова Македонија“, 3 јануари 1945 година, 1 стр.