Предлог

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлозите се неменливи, службени зборови кои покажуваат однос меѓу именските зборови во реченицата или однос меѓу глаголското дејство и додатоците.Предлозите најчесто имаат пространствено значење.

пр. „Книгата е на масата.“
„Стојам до ѕидот.“

Македонски предлози[уреди | уреди извор]

Предлози во македонскиот јазик се:

  • Без
немање на нешто- „Што си дошол без тетратка?“
  • во; в
наоѓање внатре во некоја средина или упатеност кон некоја средина;
временско значење (в недела во пет);
употреба пред деновите во неделата:
пр. „во средата“ (минатата среда)
„в среда (следната среда);
во среда (секоја среда);
  • в
се употребува пред нечленувани именки што не почнуваат со в или ф (в село, в рака),
  • во
пред членувани именки (во селото, во раката),
пред именки што започнуваат со в и ф (во воздух, во фурна), и
пред оние што сакаме логички да ги истакнеме;
  • врз
одозгора на нешто (Тетратката е клупата.);
  • до
наоѓање блиску до нешто или допира до нешто;
  • за
фаќање или држење за нешто;
  • зад
се наоѓа од онаа страна на друг предмет;
  • заради
причинско и целно значење;
  • кај
наоѓање при некого или упатеност;
  • како
споредување;
  • кон
упатеност кон нешто;
  • крај
еден предмет се наоѓа во непосредна близина на друг;
  • меѓу
наоѓање во средина на нешто или заемен однос;
  • место
заменување, наместо;
  • на (најчесто употребуван предлог):
граматички знак за дативен предмет (Му реков на човекот.);
припадност (Тетратката на Марија.);
пространствено значење, згора врз нешто;
со глаголски именки (На одење ми рече...);
временско: на пролет;
споредба: личи на него;
  • над
наоѓање повисоко од нешто;
  • низ
надолу, провирање, движење;
  • од:
излегување (Излезе од дома.);
оддалечување (Тој отпатува од Скопје.);
симнување (Слезе од коњот.);
посвојно (Моливот од Горан.);
потекло (Јас сум од Скопје.);
  • одавде, оданде, отаде
од оваа или другата страна на нешто;
  • околу
опкружување (Столчињата се наредени околу масата.);
  • освен
изземање, исклучување (Сите дојдоа освен...);
  • по
управеност во една насока (Оди по бразда.);
движење или растуреност (по небо);
посочување на предмети на дејство (го удри по рака.);
непространствено (по гаќи, по леб);
  • под
наоѓање подолу од нешто;
  • поради
причина;
  • потем
временски (Прво бевме кај мене потем отидовме кај него.);
  • пред
од оваа страна на предметот;
временско - порано;
  • -преку
преминување од една на друга страна;
полно простирање, целосно опфаќање;
  • при
до некој или кај некој предмет;
  • против
негативна насоченост;
  • со
средство со кое се врши некое дејство (со нож, со рака);
сообраќајно средство (со воз, со велосипед);
заедница, придружување (со пријатели);
поседување на нешто (Човек со пари, со куќа...);
со апстрактни именки (Тој работи со волја, со ум, со мака...);
  • сосе
заедно со;
  • според
сообразување со некого или нешто (Според мене, тоа не е точно.);
  • спрема
сообразување и противставување;
  • спроти - наспроти
од таа страна и спротивставување;
  • сред
наоѓање во средината или меѓу нешто;
временско (Тој влезе сред час.).

Често се греши при употребата на предлогот „по“, односно наместо „по“ погрешно се употребува прилогот за време „после“. За да се избегне грешката наједноставно е на местото од „по“ да се обидеме да го употребиме „потоа“, кој е синоним на „после“. Ако соодветствува, тогаш може да го употребиме „после“, ако не, тогаш стои „по“.

Неправилно: „После Втората светска војна...“ (Ако можеме да го замениме со „потоа“ зборот „после“ е правилно употребен. Но, во овој случај не можеме што значи дека тука стои предлогот „по“.)
Правилно: „По Втората светска војна...“

Поврзано[уреди | уреди извор]