Правоговор

Од Википедија — слободната енциклопедија

Правоговор (ортоепија, од грч. ορθοέπεια) значи правилен изговор, или пак изучување на изговорот. Спротивен поим на ова е поимот варваризам.

Меѓутоа во Стара Грција зборот „ортоепија“ значел „правилна дикција“. При изучувањето на ортоепијата, старогрчките софисти од V век п.н.е., особено Продик (~ 396 п.н.е.) и Протагора исто така изучувале и пралогички концепти. Протагора го критикувал Хомер бидејќи го ставил зборот „гнев“ во женски род (Аристотел, За софистичките побивања 14) и бидејќи ѝ се молел на Музата во императив (Аристотел. Поетика 19). Платон вели дека Протагора го критикувал поетот Симонид за сабепротивречност и потоа ги прикажува Сократ и Продик како му спорат на Протагора, дека тој е оној кој ја направил грешката што ги слеал заедно смислите на зборот „биде“ и зборот „стане“ (Протагора 339a-340c). Еврипид и Есхил се препираат околу ортотес епеон во Аристофановата комедија Жаби.