Полаки

Координати: 42°02′52″N 22°24′38″E / 42.04778° СГШ; 22.41056° ИГД / 42.04778; 22.41056
Од Википедија — слободната енциклопедија
Полаки

Маалото Бабиште

Полаки во рамките на Македонија
Полаки
Местоположба на Полаки во Македонија
Полаки на карта

Карта

Координати 42°02′52″N 22°24′38″E / 42.04778° СГШ; 22.41056° ИГД / 42.04778; 22.41056
Регион  Источен
Општина  Кочани
Област Осоговија
Население 29 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2300
Повик. бр. 033
Шифра на КО 13032
Надм. вис. 780-1.110 м
Полаки на општинската карта

Атарот на Полаки во рамките на општината
Полаки на Ризницата

Полаки — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Постои кажување за тоа како селото го добило името. Според него, главно занимање на населението од овој крај било сточарството. Сточарите најчесто своите стада ги паселе покрај речните ливади, т.н. лаки. На прашањето каде ќе бидат утрешниот ден најчесто одговарале „ПО ЛАКИ-те“.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Полаки се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Кочани. Селото е планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 780-1.110 м. Селскиот атар зафаќа површина од 74,5 км2. Од Кочани е оддалечено 22 км.[2]

Маалата во селото се познати како: Рамно Брдо, Лопен, Борово Брдо, Лисо Брдо, Рамно Нивиште, Скорово, Бабиште, Ширината, Крушка, Суво Брдо, Црвената, Качаник, Касиро, Црешната и други.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има мешовита земјоделска функција. Во рамките на селскиот атар, шумите преовладуваат на површина од 5.742 ха, на пасишта отпаѓаат 1.237 ха, а обработливото земјиште е на површина од 399 ха.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.020—    
19531.140+11.8%
19611.024−10.2%
1971923−9.9%
1981521−43.6%
ГодинаНас.±%
1991279−46.4%
1994245−12.2%
2002113−53.9%
202129−74.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Полаки живееле 500 жители, сите Македонци.[3] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Полаки имало 636 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 750 Македонци.[5]

Во текот на XX век е забележителен значителен пад на бројот на населените, па така селото преминало од голема во мала населба.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Полаки живеат 113 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 29 жители, од кои 15 Македонци, 1 останат и 13 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 500 636 1.020 1.140 1.024 923 521 279 245 113 29
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Во селото има основно училиште во коешто повеќе не се одржува настава. Освен тоа, во селото има и услужни објекти.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кочани од 1955 година.

Во периодот 1950-1955, селото било седиште на истоимената општина.

Во XIX век, Полаки било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 872 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[12]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 61 гласач.[13]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Бела Река покрај маалото Река
Археолошки наоѓалишта[14]
  • Св. Спас — градиште од доцноантичкото време;
  • Селиште — населба и некропола од доцноантичкото време.
Манастири
Реки
Цркви

Селото во минатото имало неколку цркви кои денес не постојат. Цркви имало кај маалата Бабиште, Суво Брдо и во близина на гробиштата, а во маалото Крушка постоела црква „Св. Илија“.[15]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Полаки

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 239-240.
  3. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. стр. 227.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 132-133.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2021.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 30 март 2021.
  13. „Парламентарни избори 2020“. Посетено на 1 април 2021.
  14. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
  15. Атанасова, И. и Ајтовска, Љ. (2014). „Полаки: за шопските краишта во Кочанско“. Општина Кочани. ISBN 978-608-65280-9-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]