Покраини во Холандија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Покраината во Холандија претставува административен слој помеѓу националната влада и локалните општини, кој се занимава субнационални или регионални работи. Управата на секоја покраина се состои од три главни делови: покраински собранија (Provinciale Staten) кои се бираат секои четири години. Од членовите на собранието се бира совет наречен Застапничко собрание (Gedeputeerde Staten), колегиум со надлежност врз извршните функции, и со негов претседател наречен Краличин комесар (Commissaris van de Koningin) назначен од Круната.

Поделба[уреди | уреди извор]

Денешна Холандија се дели на 12 покраини (хол. provincies).

Подолу се дадени дванаесетте покраини со нивните главни градови:

Покраина Главен град
Гелдерланд Арнем
Гронинген Гронинген
Дренте                                   Асен
Зеланд Миделбург
Јужна Холандија Хаг
Лимбург Мастрихт
Оверајсел Зволе
Северен Брабант Хертогенбос
Северна Холандија Харлем
Утрехт Утрехт
Флеволанд Лелистад
Фризија Леуварден

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Основни податоци за секоја покраина Архивирано на 17 октомври 2008 г. (холандски)
  • „Покраини во Холандија“. Statoids. (англиски) (англиски)