Пловдив

Координати: 42°8′31.51″N 24°44′29.23″E / 42.1420861° СГШ; 24.7414528° ИГД / 42.1420861; 24.7414528
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пловдив
Пловдив
град
Познати места и градби во Пловдив
Познати места и градби во Пловдив
Знаме на ПловдивГрб на Пловдив
Пловдив is located in Бугарија
Пловдив
Пловдив
Местоположба на Пловдив во Бугарија
Координати: 42°8′31.51″N 24°44′29.23″E / 42.1420861° СГШ; 24.7414528° ИГД / 42.1420861; 24.7414528
ЗемјаБугарија
ОбластПловдив
ОпштинаПловдив
Управа
 • ГрадоначалникЗдравко Димитров (ГЕРБ)
Површина
 • Вкупна101,98 км2 (39,37 ми2)
Надм. вис.&10000000000000164000000164 м
Население (2022)
 • Вкупно367,214
 • Густина3,600/км2 (9,300/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код4000
Повик. бр.+359 032
Мреж. местоplovdiv.bg

Пловдив (бугарски: Пловдив) е град во Јужна Бугарија. Тој е вториот по големина град во Република Бугарија со 360 000 жители[1] и претставува административен центар на Пловдивска област.

Географија[уреди | уреди извор]

Пловдив се наоѓа на 24° 45' источна географска должина и 42° 9' северна географска ширина. Надморската височина во центарот на градот изнесува 164 m. Градското подрачје зафаќа површина од 53 км2. Низ градот тече реката Марица. Пловдив е сместен во близина на планината Родопи, во западниот дел на Горнотракиската Низина.

Историја[уреди | уреди извор]

Античкото име на Пловдив е Филипополис наречен така во чест на неговиот основач, македонскиот крал Филип.

Според статистиката, од 1885 година, кон крајот на ХІХ век, градот има население од 33 500 жители, од кои - 45% Бугари, 25% Грци, 21% Турци, 6% Евреи и 3% Ерменци. По Првата светска војна на периферијата на градот се населиле многу бегалци од Македонија. Во 2011 година Пловдив има 331.796 жители. Најголемиот дел од нив се Бугари, а другите се Ерменци, Евреи, Турци, Роми, Грци и други.

Во 1879 година, Пловдив е избран за престолнина на автономната област Источна Румелија, создадена со Берлинскиот конгрес во 1878 година. Од 1885 година таа е присоединета кон Бугарија, поради што Србија ја напада бугарската држава, но ја губи војната. Од Источна Румелија Османската империја го задржа само градот Крџали и неговата околина, во која тогаш живеат исклучиво Турци и која влегува во составот на Бугарија во 1912 г.

Личности[уреди | уреди извор]

Пловдив е родното место на повеќе познати личности меѓу кои се и Панајот Пипков, Апостолос Николаидис, Христо Бонев, Стефка Костадинова, Христо Стоичков и Петар Стоjaнов.

Галерија[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]