Пиштар Лутфиу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пиштар Лутфиу
Министер за образование и наука
На должноста
5 април 2016 – 1 јуни 2017
Премиер Емил Димитриев
Претходник Абдилаќим Адеми
Наследник Рената Дескоска
Лични податоци
Роден(а) 17 март 1986
Дебар, Македонија Македонија
Националност Албанец
Партија ДУИ

Пиштар Лутфиу (албански: Pishtar Lutfiu; Дебар, 17 март 1986) — македонски политичар, член на ДУИ. Бил Министер за образование и наука во периодот од 5 април 2016 до 1 јуни 2017 година.

Животопис[уреди | уреди извор]

Пиштар Лутфиу е роден на 17 март 1986 година во Дебар. Средно образование завршил во Тетово. Во 2009 година дипломирал на Универзитетот на Југоисточна Европа по „Јавна администрација и политички науки“ додека во 2012 година на истиот универзитет станал Магистер по политички науки. Во периодот од 2011 до 2013 година бил генерален секретар на Институтот за политички и меѓународни студии во Скопје. Во 2013 година работел во Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор во секторот за меѓународни односи. Во 2014 година станал претаседател во „Клуб Алпбах Македонија“[1].

Во периодот од 5 април 2016 до 1 јуни 2017 година ја извршувал функцијата Министер за образование и наука.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Биографија на vlada.mk“. Архивирано од изворникот на 2016-04-16. Посетено на 2017-06-01.
Политички функции
Претходник
Абдилаќим Адеми
Министер за образование и наука
5 април 2016 - 1 јуни 2017
Наследник
Рената Дескоска