Питер Земан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Питер Земан
Роден(а)25 мај 1865(1865-05-25)
Зонемeр, Холандија
Починал(а)9 октомври 1943(1943-10-09) (возр. 78)
Амстердам, Холандија
НационалностХоландија Холанѓанец
ПолињаФизика
ОбразованиеЛајденски универзитет
Докторски менторХејке Камерлинг Онес
Познат поЗеманов ефект
Поважни наградиНобелова награда за физика (1902)
Матеучиев медал (1912)
Хенри Драперов медал (1921)
Румфордов медал (1922)
Френклинов медал (1925)
СопружникЈохана Елизабет Лебрет (в. 1895–1943)

Питер Земан (холандски: Pieter Zeeman 25 мај 1965 - 9 октомври 1943) — холандски физичар кој ја споделил Нобеловата награда за физика со Хендрик Лоренц во 1902 за неговото откритие на Земановиот ефект.

Детство и младост[уреди | уреди извор]

Питер Земан се родил во Зонемeр, Холандија, син на Катаринус Форандинус Земан, министер на Холандската реформирана црква, и Вилемина Ворст.

Се заинтересирал за физиката на рана возраст. Во 1883 Aurora поларната светлина била видлива во Холандија. Земан, во тоа време студент во средното училиште „Zierikzee“, го нацртал и опишал феноменот и го доставил до весникот „Нејчр“ (Nature), каде што бил објавен. Уредникот го пофалил „внимателното набљудување на професор Земан од неговата опсерваторија во Зонемeр“.

По завршување на средното училиште во 1883 заминал во Делфт за дополнително образование по класични јазици, тогаш неопходно за во универзитетот. Престојувал во домот на доктор Лели, раководител на гимнастичкото училиште и брат на Корнелис Лели, кој бил одговорен за концептот и реализирањето на „Зидерзи“ работата. Додека бил во Фелфт, најпрво го запознал Хејке Камерлинг Онес, кој станал негов советник за тези.

Фотографија направена од Земан за Земанов ефект.[1]

Образование и рана кариера[уреди | уреди извор]

Откако Земан ги поминал квалификационите испити во 1885, почнал да студира физика во Лајденскиот универзитет под менторство на Хејке Камерлинг Онес и Хендрик Лоренц. Во 1890, дури пред да ги заврши неговите тези, тој станал лоренцов асистент. Ова му овозможило да учествува во истражувачкиот проект за керовиот ефект. Во 1893 ги доставил неговите докторски тези за керовиот ефект, рефлексијата на поларизирана светлина на магнетизирана површина. По неговото докторирање, половина година бил во Фридрих колраушовиот инситут во Стразбур. Во 1895, по доаѓањето од Стразбур, Земан станал самостоен професор по математика и физика во Лајден. Истата година се оженил со Јохана Елизабет Лебрет (1873–1962) и заедно имале три ќерки и еден син.

Во 1896, три години по поднесувањето на неговите тези за керовиот ефект, тој не ги испочитувал наредбите на неговиот супервизор и ја употребил лабораториската опрема за да го измери разделувањето на спектарните линии на силно магнетно поле. Тој бил отпуштен поради неговите напори, но подоцна се оправдал со добивањето на Нобеловата награда за физика во 1902 за откривањето на сегапознатиот „Земанов ефект“. Како проширување на истажувањето за тезите, почнал да го истражува ефектот на магнетното поле на светлински извор. Открил дека спектарната линија е поделена на некоклу компоненти во присуство на магнетно поле. Лоренц бил првиот кој слшнал за претпоставките на Земан во сабота на 31 октомври 1896 на средбата на Холандската кралска академија на уметност и науки во Амстердам, каде што овие резултати биле изнесени од Камерлинг Онес. Следниот понеделник, Лоренц го повикал Земан во својата канцеларија и му понудил објаснување за неговите забелешки, кое се темелело на лоренцовата теорија за електромагнетно зрачење.

Важноста на откритието на Земан наскоро станала очигледна. Го потврдило предвидувањето на Лоренц окулу поларизирањето на светлината емитирана во присуство на магнетно поле. Благодарение на работата на Земан се разјаснило дека осцилирачките честички кои според Лоренц се изворот на светлинската емисија се негативно наелектризирани и се илјада пати полесни од водородниот атом. Овој заклучок бил донесен пред томсоновото откритие на електронот. Земановиот ефект станал важна алатка за разјаснување на структурата на атомот.

Ајнштајн во посета на Питер Земан во Амстердам, со неговиот пријател Паул Еренфест (окулу 1920).

Професор во амстердам[уреди | уреди извор]

Земан студирал физика кај професорите Хендрик Антон Лоренц и Хејке Камерлинг Онес на Универзитетот во Лајден. По завршувањето на студиите тргнал во Лајден каде што работел како доцент. Во 1897 бил во Универзитетот во Амстердам и таму станал редовен професор од 1900 година.

Поради неговото откритие, на Земан му била понудена позиција на предавач во Амстердам во 1897. Во 1900 ова било проследено со неговата промоција на професор по физика во Амстердамскиот универзитет. Во 1902, заедно со неговиот поранешен ментор Лоренц, тој ја добил Нобеловата награда за физика за откривањето на земановиот ефект. Пет години подоцна, во 1908, го надминал Јоханес ван дер Валс како професор и директор на Институтот по физика во Амстердам.

Новоизградена лабораторија во Амстердам во 1923 била преименувана во „Земанова лабораторија“ во 1940. Овој нов објект му овозможил на Земан да изведе соодветно истражување на земановиот ефект.

Доцни години[уреди | уреди извор]

Во 1898 Земан бил одбран за член на Кралската академија за уметност и науки на Холандија во Амстердам и работел како секретар од 1912 до 1920. Го добил Хенри Драперовиот медал во 1921 и многу други награди. Земан исто така бил избран за странски член на Кралското друштво во 1921. Во 1935 се пензионирал. Земан починал на 9 октомври 1943 во Амстердам и бил погребан во Харлем.

Награди и почести[уреди | уреди извор]

Земан ги добил следниве награди за неговиот придонес.

Кратерот Земан на месечината е именуван во негово име.

Објавени дела[уреди | уреди извор]

  • Zeeman, P (1914). „Fresnel's coefficient for light of different colours. (First part)“. Royal Netherlands Academy of Art and Sciences, Proceedings. 17 (I): 445–451.
  • Zeeman, P (1915). „Fresnel's coefficient for light of different colours. (Second part)“. Royal Netherlands Academy of Art and Sciences, Proceedings. 18 (I): 398–408.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Although not included in the published paper, you may be interested in a picture of Pieter Zeeman, as well as a photo he took of the effect named for him. " [1]
  2. „Henry Draper Medal“. National Academy of Sciences. Посетено на 19 February 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со: