Пинеберг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пинеберг
Дростај во Пинеберг
Дростај во Пинеберг
Дростај во Пинеберг
Грб на Пинеберг
Пинеберг во рамките на Германија
Пинеберг
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Пинеберг
Градоначалник Урте Штајнберг (независна)
Основни податоци
Површина 21,54 км2
Надм. височина 9 м
Население 43.503 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 2.020 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PI
Пошт. бр. 25401–25421
Повик. бр. 04101
Портал www.pinneberg.de
Местоположба на градот Пинеберг во рамките на округот Пинеберг
Карта
Карта
Координати 53°38′N 9°48′E / 53.633° СГШ; 9.800° ИГД / 53.633; 9.800Координати: 53°38′N 9°48′E / 53.633° СГШ; 9.800° ИГД / 53.633; 9.800

Пинеберг (германски: Pinneberg) — град и административен центар на истоимениот округ, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Пинеберг се наоѓа 18 километри северозападно од Хамбург и влегува во рамките на метрополитенската област Хамбург.

Пинеберг се наоѓа на устието на малата река Миленау во Пинау. Покрај самиот град, во рамките на градот влегуваат следниве единици: Квелентал, Тесдорф, Егерштет, Пинебергердорф и Валденау-Датум.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Кога бил првпат изграден замокот во Пинеберг околу 1200 година, местото веќе неколку векови било користено како место за советите на Германите. Во 1370 година, замокот бил освоен од грофот Адолф VIII од Шауенбург и Холштајн-Пинеберг.

Во 1397 година, Пинеберг бил првпат споменат во официјалните документи како седиште на суд.

Во 1472 година бил изграден ренесансен замок на местото на стариот замок. Бил тешко оштетен во годините 1627 и 1657 и конечно срушен во 1720 година. Помеѓу 1765 и 1767 година бил изграден Дростај за дростот Ханс фон Алефелт. Оваа тулна градба, која веројатно била изградена од Ернст Георг Зонини, е најважниот пример на барокната архитектура во округот Пинеберг.

Откако некои слуги и занаетчии се населиле во близина на замокот, населбата полека се ширела, добивајќи општински права во 1875 година, иако била седиште на данскиот Ландрост од 1640 година и седиште на Прусија прускиот окружен управник од 1866 година во рамките на Покраината Шлезвиг-Холштајн.

Во 1905 година, населбата „Пинебергер Дорф“ била припоена, а во 1927 година и селата Тесдорф и Валденау.

По Втората светска војна бројот на жители на Пинеберг двојни се зголемил поради напливот на бегалци од изгубените источни територии на Германија. Подоцна, за разлика од многу други градови во покраината Шлезвиг-Холштајн, Пинеберг успеал да го задржи стабилен бројот на жители.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Железничка станица Пинеберг

Многу регионални возови застануваат на железничката станица Пинеберг, додека Хамбуршката С-Железница завршува тука. С-Железницата исто така застанува и на железничката станица Тесдорф.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Збратимувањето на градот со Роквил, Мериленд, во Соединетите Американски Држави, било прво такво во Германија помеѓу поразените и победниците.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Пинеберг е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)
  2. „Berichtswesen der Stadt Pinneberg, Strukturbericht 2010“ (PDF). Град Пинеберг. 13 март 2012. Архивирано од изворникот (PDF; 482 kB) на 2014-07-28. Посетено на 21 јули 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]