Персеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Персеј

Персеј — последен крал на Македонија и Антигонидската империја една од наследничките на Македонската Империја.

Во 179 п.н.е. починал Филип V. Претходната година Филип наредил да се погуби неговиот проримски настроен син Деметриј. Персеј бил љубоморен на успехот на Деметриј како амбасадор во Рим и го убедил татка си да го отруе како потенцијален узурпатор. Римјаните го поддржувале Деметриј, па така убиството на брата си не се покажало позитивно кај Римјаните.

Монета од Персеј (аверс/реверс)

Една од првите одлуки по доаѓањето на престолот било обновувањето на мировниот договор со Рим. Но сепак останатите постапки на Персеј им задавале потешкотии на Римјаните. Ова било неговото мешање во работите на соседните држави, вооружената посета на Делфи, избегнувањето на римските амбасадори во Македонија, како и неговите династички бракови.

Наскоро Рим завојувал со Персеј во т.н. Трета македонско-римска војна (171-168 п.н.е.). Иако Персеј отпрво бил успешен, војната завршила по неговото предавање на римскиот генерал Луциј Емилиј Павле Македоник по решавачкиот пораз во Битката кај Пидна и тој бил затворен во Рим. Антигонидското царство се распаднало и било заменето со четири републики. Андриск ја ослободил Македонија од Римјаните во времетраење од една година, но бил поразен во 148 п.н.е.. Во 146 п.н.е. четирите републики се распаѓаат и Македонија официјално станува римска покраина.

Гробница[уреди | уреди извор]

Гробницата на Персеј кај Маљано де’ Марси. Таблата лево е подарок од македонскиот народ и испишана на македонски, англиски и италијански.

Во јуни 2005 е пронајдена гробницата на Персеј долж патот Вија Валерија близу Маљано де’ Марси (во Л’Аквила) од страна на претставници на италијанското министерство за култура и македонска археолошка делегација.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „www.sezione16.terremarsicane.it“. Архивирано од изворникот на 2006-05-13. Посетено на 2007-07-11.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Филип V
Крал на Античка Македонија
179 п.н.е.168 п.н.е.
Наследник
Римска Република