Пермакултура

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пермакултурата претставува воведување на екологијата во основите на производство на храна, покуќнина, соодветна технологија и развој на општеството. Принципот на пермакултурата се заснова на етичко грижење за планетата Земја при исполнување на потребите на општеството со заемна корист. Под етичко грижење за планетата Земја се подразбира нештетни и позитивни активности, чување, грижење и штедливо користење на сите природни ресурси и живи форми.

Практикантите на пермакултурата работат со природата наместо против неа, планирано делуваат наместо непотребно да трошат ресурси, ги третираат животните и растенијата од сите аспекти и преку добро дизајнирана средина ги хармонизираат потребите на природата со своите потреби, сами ја произведуваат својата храна и вишокот го споделуваат или менуваат за други добра, етички и духовно растат и се сплотуваат со природата.

Зборот пермакултура е добиен од зборовите перманентен (постојан, одржлив) и култура (начин на живеење и однесување) и како таков претставува начин на постојан, обновлив, одржлив живот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]