Пајсиј II Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пајсиј II Цариградски
Цариградски патријарх
ЦркваЦариградска патријаршија
На служба20 ноември 1726 – септември 1732
август 1740 – мај 1743
март 1744 – 28 септември 1748
мај 1751 – септември 1752
ПретходникКалиник III
Неофит VI
Неофит VI
Кирил V
НаследникЕремија III
Неофит VI
Кирил V
Кирил V
Лични податоци
РоденКајсери
Починал11 декември 1756
Халки
Претх. службамитрополит во Никомедија

Пајсиј II ЦариградскиВселенски патријарх во четири наврати во XVIII век.[1]

Живот[уреди | уреди извор]

Пајсиј е роден во Кајсери и семјното презиме било Киоумурцоглу. Тој најверојатно од младоста се преселил во Цариград и станал митрополит во Никомедија кус пред 1716 година,[2]:186 најверојатно во 1712 година.[3]

Првиот пат кога Пајсиј бил избран за патријарх бил на 20 ноември 1726 година денот кога Калиник III бил најден мртов пред да седне на престолот: Пајсиј веднаш бил избран од групата кпја го поддржувала Калиник за наследник на престолот за да се спречи враќањето на Еремија III.[2]:47 Првите неколку години од неговото владеење било означено од судири со групата од заедницата во Кајсери, чиј главен претставник бил Еремија III а подоцна Неофит VI, и покрај фактот што и самиот Пајсиј бил родум од истиот град. Во 1731 оваа група се обидела да го разреши и замени со Еремија но не успеале. Втоприот обид во септември 1732 година бил успешен, кога Еремија III го заменил на птестолот.[3] Кога подоцна Еремија морал да се повлече поради здравствени проблеми, бил избран патријарх од Никомедија (Серафим I) по што следел уште еден од Кајсери (Неофит VI) кој начествувал 6 години.

Начелствувањето на Неофит VI било прекинато со одлука на Големиот везир, кој му дозволил на Пајсиј да начелствува по вторпат во август 1740 година. Сепак по три година во мај 1743 година, Пајсиј бил расчинет од Високата порта поради финансиски причини и Неофит VI бил повторно поставен за патријарх.[3]

Третото начелствување на Пајсиј започнало во март 1744 година, кога го заменил Неофит VI. Кус период по ова се појавил нов соперник, митрополит од Никомедија и иден патријарх Кирил V, кој ги изнел жалбите против него и успеал да го замени на 28 септември 1748 година. Жалбите биле воглавно поради финансиското упраување на Пајсиј со милетот, т.е. христијанската граѓанска заедница, а да го намали долгот на патријаршијата тој наметнал повисоки даноци врз населението особено врз секуларното свештенство што предизвикало големо незадоволство.[3]

Четвртото начелствување на Пајсиј било кус прекин во начелствувањето на Кирил V, во мај 1751 година кога Кирил бил сменет од митрополитите поради неговите одлуки за даноците и поради силната позиција за прекрстување на ерменците и католичките верници. Кирил пак бил поддржан од голем број на населението и од страна на демагогот монах Авксентиј, кој поттикнал бунтови кои кулуминирале со насилен напад на патријархатот и заробувае на самиот Пајсиј.[4] Пајсиј последователно бил заменет од страна на Кирил V кој дал подарок на османлиските власти од 45.000 гроша.[5]:166

По четвртото и последно начелствување, Пајсиј се повлекол во манастирот Камариотиса на островот Халки, каде починал на 11 декември 1756.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Παΐσιος Β´“. Ecumenical Patriarchate. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 28 June 2011.(грчки)
  2. 2,0 2,1 Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 41,47,186. ISBN 978-1-4344-5876-6.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Moustakas Konstantinos. „Παΐσιος Β΄ Κωνσταντινουπόλεως“. Encyclopaedia of the Hellenic World, Asia Minor. Посетено на 28 June 2011.(грчки)
  4. Frazee, Charles (2006). Catholics and sultans : the church and the Ottoman Empire, 1453-1923. London: Cambridge University Press. стр. 160–2. ISBN 0-521-02700-4.
  5. Papadopoullos, Theodōros (1952). Studies and documents relating to the history of the Greek Church and people under Turkish domination. Brussels. стр. 166.
Духовни титули
Претходник
Калиник III
Цариградски патријарх
1726-1732 (прво начелствување)
Наследник
Еремија III
Претходник
Неофит VI
Цариградски патријарх
1740-1743 (второ начелствување)
Наследник
Неофит VI
Претходник
Неофит VI
Цариградски патријарх
1744-1748 (трето начелствување)
Наследник
Кирил V
Претходник
Кирил V
Цариградски патријарх
1751-1752 (четврто начелствување)
Наследник
Кирил V