Партицип

Од Википедија — слободната енциклопедија

Партицип е глаголска форма која се користи во реченицата да се определи именка или именска фраза, и така има улога слична на придавката или прилогот[1] (некои јазици имаат различни форми за прилошки партицип и партицип кој делува како придавка). Партиципот е еден од формите на несвршените глаголи. Името потекнува од латинското participium,[2], што како поим потекнува од старогрчкиот metochḗ (споделување).

Партиципот може да соодветува со активниот залог (активен партицип), каде именката која се определува се смета дека го претставува лицето кое го врши дејството; или пасивен залог (пасивен партицип), каде определената именка претставува трпител на дејството. Партиципот кај некои јазици често се поврзува со одредени глаголи аспекти или времиња. Партиципот во македонскиот не е дел од некое време, туку некои форми се користат да се создадат посложени глаголски форми. Во англискиот јазик, на пример, партиципните форми се делат на сегашен партицип (writing, singing, raising; познати се како герунд или глаголска именка) и минат партицип (written, sung, raised, итн).

Глаголската фраза која се заснова на партиципот и која има функција на партицип се нарекува партиципна фраза.

Партиципот во јазиците[уреди | уреди извор]

Македонски јазик[уреди | уреди извор]

Македонскиот целосно го изгубил или го трансформирал партиципот од општиот словенски, за разлика од останатите современи словенски јазици. За партиципот во македонскиот се забележува:[3]

  • сегашен активен партицип: се трансформирал во глаголски прилог;
  • сегашен пасивен партицип: има само изолирани случаи на сегашен пасивен партицип (или остатоци од него), како што е зборот „лаком“.
  • минат активен партицип: има само еден останат збор од овој партицип, зборот „бивш“ (но често се користи зборот „поранешен“, наместо „бивш“).
  • минат пасивен партицип: се трансформирал во глаголска придавка;
  • резултативен партицип: се променил во глаголска л-форма (сепак не е партицип бидејќи не делува атрибутивно).

Англиски јазик[уреди | уреди извор]

Современиот англиски јазик има два партиципа:

  • сегашен партицип, исто така именуван како активен, несвршен или продолжен партицип, и ја зема наставката -ing. Овој е ист со глаголската именка (герунд).
  • минат партицип, исто така именуван како пасивен, свршен, е исто со формите на минатото време и имаат наставка -ed или соодветните неправилни форми за неправилните глаголи.

Сегашниот партицип се користи:

  • да се создаде продолжениот залог,
  • како дел од фраза (придавка) која модифицира именка,
  • прилошки, каде подметот се смета дека е ист со тој од главната дел-реченица,
  • како дел-реченица.

Минатиот партицип се користи:

  • да се создаде перфектот,
  • да се создаде пасивниот залог,
  • како придавка,
  • прилошки.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. What is a participle? Архивирано на 12 февруари 2013 г. in Glossary of linguistic terms Архивирано на 10 февруари 2013 г. at SIL International.
  2. Предлошка:L&S
  3. Macedonian Grammar, Victor Friedman

Надворешни врски[уреди | уреди извор]