Параолимписки игри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Амблем на Параолимписките игри

Параолимписките игри се Олимписки игри за спортисти со телесни нарушувања, параплегија, церебрална парализа, ампутација, како и оштетувања во видот. Тие произлегле од игрите на параплегичарите (Stoke Mandeville Games), чиј основач е Лудвиг Гутман, шеф на болницата во Ајлесбери во Англија, еден од најистакнатите светски експерти за оштетување на ’рбетниот столб.

Истиот ден, 29 јули 1948 година, кога биле отворени Олимписките игри во Лондон, на спортските терени на споменатата болница се отвориле параплегиските игри во кои учествувале само 16 припадници на британските вооружени сили (14 мажи и 2 жени).

Тоа била јавна демонстрација со која се сакало да се укаже дека лицата со тешки телесни пречки може да се занимаваат со спорт.

Во 1952 година, на овие игри учествувале и параплегичарите од Холандија, а од тогаш тие се одржувале на меѓународно ниво на крајот на август секоја година на теренот на Стоук Мандевил Бројот на земји учеснички се зголемувал секоја година, а со тоа и бројот на помлади конкуренти.

Почнувајќи од 1960 година, игрите се одржуваат секоја година во друга земја под името Параолимписки игри. Направени се напори за нивно одржување во онаа земјата каде се одржуваат и Летните олимписки игри.

Тениски меч

Првите параолимписки игри се одржале во 1960 година во Рим. Се собрале околу 400 натпреварувачи од 22 земји. Вторите се одржале во Токио во ноември 1964 година, со 370 натпреварувачи од 22 земји, третите во Израел и четвртите во Хајделберг, Западна Германија, од 1 до 11 август, со учество на околу 1.000 натпреварувачи од 43 држави.

Со одлука на генералното собрание на Меѓународната спортска организација на инвалиди ИСОД, Параолимписките игри веќе не се одржувале како посебни настани, туку како дел од Олимписките игри за мултиинвалиди. Првите вакви Олимписки игри се одржале од 3 до 11 август 1976 година во Торонто. Поради учеството на натпреварувачи од Јужноафриканската Република, на овие игри учествувале само околу 1000 натпреварувачи од 38 земји.

Натпреварите на параплегичарите се планираат и адаптираат врз основа на правилата на одреден спорт. Ова се тимски спортски игри или поединечни натпревари во дисциплини на некои спортови како што се: стрелаштво, мечување, фрлање копје, фрлање дискови, куглање, кошарка, одбојка, пинг-понг, пливање и др. Бројот на дисциплини постојано се дополнува.

На игрите во Стоук Мандевил од Југославија учествувал само Радомир Стаменковиќ од Белград. На натпреварите во 1954, 1955 и 1956 година, тој ги освоил првите места и златните медали во пливање трипати по ред.

За првпат, тим од 21 параплегичар од Југославија учествувал на четвртите Параолимписки игри во 1976 година во Хајделберг. Освоиле четири медали: Петар Ситар 60м спринт во инвалидска количка, златен медал, Милка Милинковиќ 60м спринт во инвалидска количка, сребрен медал и бронзен медал во фрлање копје и Јожа Окорен во фрлање дискови, бронзен медал.

Првите зимски параолимписки игри се одржале во 1976 година во Шведска.

Летни игри[уреди | уреди извор]

Летни параолимписки игри
Година Игри Град домаќин Земја
Летни параолимписки игри во 1960 година Рим  Италија
Летни параолимписки игри во 1964 година Токио  Јапонија
Летни параолимписки игри во 1968 година Тел Авив  Израел
Летни параолимписки игри во 1972 година Хајделберг  Западна Германија
Летни параолимписки игри во 1976 година Торонто  Канада
Летни параолимписки игри во 1980 година Арнем  Холандија
Летни параолимписки игри во 1984 година Стоук Мендевил
Њујорк



 Обединето Кралство

 САД

Летни параолимписки игри во 1988 година Сеул  Јужна Кореја  
Летни параолимписки игри во 1992 година Барселона  Шпанија
Летни параолимписки игри во 1996 година Атланта  САД
Летни параолимписки игри во 2000 година Сиднеј  Австралија
Летни параолимписки игри 2004 година Атина  Грција
Летни параолимписки игри во 2008 година Пекинг  Кина
Летни параолимписки игри 2012 година Лондон  Обединето Кралство
Летни параолимписки игри во 2016 година Рио де Жанеиро  Бразил

Летни спортови[уреди | уреди извор]

Голман на Параолимписките игри 2004 година во Атина.
  • Стреличарство
  • Параолимписка атлетика
  • Куглање
  • Велосипедизам
  • Јавање коњ
  • Фудбал со 5 играчи на секоја страна
  • Фудбал со 7 играчи на секоја страна
  • Голбал
  • Џудо
  • Кревање товар
  • Веслање
  • Едрење
  • Стрелаштво
  • Пливање
  • Пинг Понг
  • Одбојка
  • Кошарка во инвалидски колички
  • Мечување во инвалидска количка
  • Рагби во инвалидска количка
  • Тенис во инвалидска количка

Зимски игри[уреди | уреди извор]

Зимски параолимписки игри
Година Игри Град домаќин Земја
Зимски параолимписки игри во 1976 година Ерншелдсвик  Шведска
Зимски параолимписки игри во 1980 година Гило  Норвешка
Зимски параолимписки игри во 1984 година Инсбрук  Австрија
Зимски параолимписки игри во 1988 година Инсбрук  Австрија
Зимски параолимписки игри во 1992 година Албервил  Франција
Зимски параолимписки игри во 1994 година Лилехамер  Норвешка
Зимски параолимписки игри во 1998 година Нагано  Јапонија
Зимски параолимписки игри во 2002 година Солт Лејк Сити  САД
Зимски параолимписки игри во 2006 година Торино  Италија
Зимска параолимпијада 2010 година Ванкувер  Канада
Зимски параолимписки игри во 2014 година Сочи  Русија

Зимски спортови[уреди | уреди извор]

Хокеј на санка
  • Алпско скијање
  • Хокеј на санка
  • Нордиско скијање
    • Биатлон
    • Скијање во крос-кантри
  • Карлинг во инвалидска количка

Литература[уреди | уреди извор]

  • В. Божиновиќ: Спортски игри на параплегичари во Стоук Мандевил, Белград 1954 година.
  • М. Стевановиќ и М. Нечиќ: Спорт и рекреација во рехабилитација на инвалида, Београд 1969 година.