Палестинска самоуправа

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Палестинска Самоуправа)
Јицак Рабин, Бил Клинтон и Јасер Арафат на церемонијата на потпишување на Договори од Осло на 13 септември 1993 година.

Палестинска самоуправа (најчесто, Палестина) — автономна административна организација што номинално управува со делови од Западниот брег и целиот појасот Газа (кои се дел од Палестинските територии).

Палестинската самоуправа е основана во 1994 година, согласно со Договорот од Осло помеѓу Палестинската ослободителна организација (ПЛО) и израелската влада.

Прв претседател на Палестинската самоуправа бил Јасер Арафат, а негов наследник и денешен претседател е Махмуд Абас. На парламентарните избори во јануари 2006 година радикалното исламистичко движење Хамас ја победи ПЛО и формира влада на чело со Исмаил Ханија. Тензиите помеѓу Хамас и Фатах во текот на 2006 година стануваат се поизразени и почнуваат да добиваат насилни облици. Во судирите што избувнаа од 14 до 16 јуни 2007 година, Хамас ја презеде контролата над Појасот Газа.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Карта на областите во Палестина. Источен Ерусалим е прикажан како непалестински поради неговото непризнаено припојување кон Израел.

Согласно Договорот од Осло, Палестинските територии Западен Брег и Појас Газа се поделени на три подрачја (А, Б и В) и 16 области под Палестинска самоуправа. Од 2007 наваму, две посебни управи полагаат право на власт врз Палестинската самоуправа — едната на Западниот Брег, а другата во појасот Газа.

Име Население
(2007)[1]
Површина
(км2)
Густина
(жит/км2)[2]
Западен Брег 3.269.700 5.671 417,86
Појас Газа 1.816.539 360 3.934,83
Вкупно 5.086.239 6.031 627,80

Западен Брег[уреди | уреди извор]

Област[3] Население[3] Површина
(км2)[3]
Џенин 556.212 583
Тубас 88.771 372
Тулкарм 358.213 239
Наблус 586.380 592
Калкилија 100.753 164
Салфит 79.464 191
Рамала и ел-Бира 548.018 844
Ерихон 81.724 608
Ерусалим
(вклуч. Источен Ерусалим припоен од Израел)
462.521 344
Витлеем 376.515 644
Хеврон 751.129 1.060
Вкупно 3.609.700 5.671

Појас Газа[уреди | уреди извор]

Област[3] Население[3] Површина
(км2)[3]
Северна Газа 270.245 61
Газа 696.410 70
Дејр ел-Бала 205.534 56
Хан Јунис 370.979 108
Рафа 273.371 65
Вкупно 1.816.539 360

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . "Факти и информации за Палестина: Население". Палестинско академско друштво за изучување на меѓународните односи.  (консултирано на 24 октомври 2012) Архивирано на 24 септември 2012 г. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-09-24. Посетено на 2013-03-13. (англиски)
  2. Во 2010 г, вкупата густина е зголемена на 681 жит/км2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 „Окупирана палестинска територија: Административни единици“. GeoHive. Посетено на 24 октомври 2012. (англиски)