Острилци

Координати: 41°20′3″N 21°14′13″E / 41.33417° СГШ; 21.23694° ИГД / 41.33417; 21.23694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Острилци

Сретселото

Острилци во рамките на Македонија
Острилци
Местоположба на Острилци во Македонија
Острилци на карта

Карта

Координати 41°20′3″N 21°14′13″E / 41.33417° СГШ; 21.23694° ИГД / 41.33417; 21.23694
Регион  Пелагониски
Општина  Крушево
Население 19 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7550
Повик. бр. 048
Шифра на КО 16016
Надм. вис. 860-920 м
Острилци на општинската карта

Атарот на Острилци во рамките на општината
Острилци на Ризницата

Острилци — село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Стара куќа во селото

Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Крушево, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Демир Хисар.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 860 до 920 метри. Од градот Крушево е оддалечено 4 километри.[2] Непосредно до селото минува регионалниот пат 1306.

Соседни села на Острилци се: Бирино од југоисток, Журче од југ, Растојца од запад, и градот Крушево, Долно Дивјаци и Арилево од север.

Историја[уреди | уреди извор]

Со оглед на повеќе археолошки наоѓалишта во близина на селото може да се претпостави дека селото е стара населба, но и дека некогаш се наоѓало на друга местоположба.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 11,3 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 832 хектари, на пасиштата отпаѓаат 176 хектари, а на обработливото земјиште 80 хектари.[2]

Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948330—    
1953327−0.9%
1961230−29.7%
1971137−40.4%
198176−44.5%
ГодинаНас.±%
199147−38.2%
199442−10.6%
200232−23.8%
202119−40.6%

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Острилци имало 300 жители, сите Македонци.[4] Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Острилци имало 216 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6]

Острилци е мало село, населено со македонско население. Во 1961 година броело 230, а во 1994 година 42 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Острилци живееле 32 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 19 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 300 216 330 327 230 137 76 47 42 32 19
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови[уреди | уреди извор]

Острилци е македонско село.[12]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

  • Староседелци и доселеници од непознато потекло: Трајчевци (14 к.), Белевци (3 к.), Беговци (7 к.), Стојчевци (1 к.), Момировци (2 к.) и Илијовци (14 к.).
  • Доселеници со познато потекло: Караџовци или Петревци (6 к.), доселени се од селото Сошани, Дебрца. Во Сошани им биле роднини, истоимениот род, во Острилци се доселил домазет. Го знаат следното родословие: Крсте (жив на 80 г. во 1952 година) Богоја-Кочо, предокот кој се доселил.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Месна заедница

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Острилци било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Крушево, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Крушево.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крушево.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Крушевска градска општина, во која влегувале градот Крушево и селата Бирино и Острилци.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1193 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месна заедница.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Археолошки наоѓалишта[3]
Цркви[16]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во или по потекло од Острилци

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 225. Посетено на 24 декември 2016.
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 202. ISBN 9989-649-28-6.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 172-173.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 декември 2021.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Русиќ, Бранислав. Железник-Острилци. Архивски фонд на МАНУ АЕ 97/1г.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Локални избори 2021“. Посетено на 24 декември 2021.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]