Основни SI-единици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Седумте основи SI-единици и меѓусебната зависност на нивните дефиниции

Меѓународниот систем на мерни единици (SI) има седум основни мерни единици од кои се изведени сите останати единици во системот. Еве ги основните SI-единици и физичките величини што ги изразуваат:[1]

Основните величини на SI образуваат збир од меѓусебно независни димензии за потребите на димензионалната анализа, која е мошне застапена науката и техниката. Меѓутоа, во дадена реализација на единиците, тие може да бидат меѓусебно зависни, т.е. да се дефинираат во однос на една со друга.[1]

Сите SI-единици имаат симболи со мали букви (на пр. метарот има симбол m), освен единиците што го носат името на научник (на пр. амперот има симбол A).

Многу други единици како литарот формално не припаѓаат на системот SI, но се прифатени за употреба заедно со единиците на SI.

Основни SI единици
Назив SI-симбол Мак. симбол Величина Тековна дефиниција (2005)[2] Историско потекло / образложение
метар m м должина „Метар е должината на патот што во вакуум ќе го мине светлината за време од 1/299 792 458 секунди.“ 110 000 000 од растојанието од екваторот до Северниот Пол, мерејќи ја обиколката што минува низ Париз.
килограм kg кг маса „Килограмот е единица за маса; таа е еднаква на масата на меѓународниот прототип на килограм.“ Масаа на еден литар вода. Еден литар е еднаков на една илјадитина кубен метар.
секунда s с време „Секунда е траење од 9 192 631 770 периоди на зрачењето што му одговара на преминот меѓу две хиперфини нивоа на основната состојба на атомот на цезиумот 133.
„Оваа дефиниција се однесува атом на цезиум во мирување на температура од 0 K.“
Денот се дели на 24 часа, секој час се дели на 60 минути, а секоја минута се дели на 60 секунди.
Секундата изнесува 1(24 × 60 × 60) од денот
ампер A А електрична струја „Ампер е јачина на постојана електрична струја која тече низ два паралелени спроводника со неограничена должина и занемарливо мал кружен напречен пресек, што се наоѓаат во вакуум на меѓусебно растојание од еден метар, и меѓу тие спроводници предизвикува сила еднаква на 2•10–7 њутни на метар должина.“ Првичниот „меѓународен ампер“ е електрохемиски дефиниран како струјата потребна за таложење на 1,118 милиграми сребро во секунда од раствор на сребрен нитрат. Разликата од амперот на SI изнесува 0,015%.
келвин K К термодинамичка температура „Келвин е термодинамичка температура која е еднаква на 1/273,16 од термодинамичката температура на тројната точка на водата.“
„Оваа дефиниција се однесува на вода со изотопен состав со точен сооднос на следниве материи: 0,000 155 76 мола 2H по мол на 1H, 0,000 379 9 мола 17O по мол на 16O и 0,002 005 2 мола на 18O по мол на 16O.“
Целзиусова скала: Келвиновата скала го користи Целзиусовиот степен за единично зголемување, но е термодинамичка сакала (0 K е апсолутна нула).
мол mol мол количество материја „1. Мерната единица за количество на материја (супстанција) е „мол“. Мол е количество на материја (супстанција) на системот кој содржи толку елементарни единки колку што има атоми во 0,012 килограми јаглерод 12 (12 односно С).

2. Кога се користи ,,мол‘‘, елементарните единки треба да бидат определени. Тоа можат да бидат атоми, молекули, јони, електрони, други честички или одредени групи од тие честички.“

Атомска тежина или молекуларна тежина поделена со константата за моларна маса, 1 g/mol.
кандела cd кд светлосна јачина Кандела е светлосна јачина во определен правец од извор кој емитува монохроматско зрачење со честота од 540x1012 херци и чија енергетска јачина во тој правец е 1/683 вати по стерадијан. Јачината на една запалена свеќа со стандардни особености.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Меѓународно биро за тегови и мерки (2006), Меѓународен систем на мерни единици (SI) (PDF) (VIII. изд.), ISBN 92-822-2213-6 (англиски)
  2. Брошура - Прилог 3: Систем SI на основни мерни единици[мртва врска] - Биро за метрологија на РМ (македонски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]