Ораториум

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ораториум (црковен латински јазик - простор за молитва) — голема музичка творба за хор, оркестар и солисти со драмскоепски карактер.[1]. Ораториумите обично имаат религиско сиже и порака.

Типично траење на ораториумот е 40-50 минути, а текстот има 350-450 стихови. Раните ораториуми биле дводелни. Најголемата популарност ја доживеале во Италија во 17 век. Подоцна се појавиле ораториуми со световни теми (Клаудио Монтеверди, Георг Фридрих Хендл).

Ораториум и опера[уреди | уреди извор]

За разлика од операта, ораториумите се изведуваат во концертна, а не во сценска форма. Акцијата на публиката ѝ се претставува преку текст и музика. Друга разлика е во тоа што операта се занимава со широк спектар на теми, додека ораториумот главно се занимава со духовни теми. Ораториумот традиционално се изведува во црквите и во слични градби, што за операта е реткост. Операта и ораториумот низ историјата разменувале влијанија. На пример, ораториумите од операта ги презеле ариите да капо, а посредникот бил Алесандро Скарлати.

Структура[уреди | уреди извор]

Ораториумот обично содржи:

  • Инструментална увертира
  • Арии за вокални солисти
  • Рецитатив, обично служи за да ја објасни акцијата
  • Хорски арии, кои често се монументални и компонирани така што предизвикуваат впечаток за Божјата слава. Карактеристични инструменти кои ги пратат овие арии се тимпани и труба.

Ораториумот е вокално-инструментално дело со поголем обем, обично е пишано за вокални солисти, хор и оркестар (но и во други варијанти). Во него се прикажува одредена драмска акција, но без помош на таканаречената фаза на сценско изведување (тоа е негова главна разлика од операта). Ораториумите во почетокот биле исклучиво со духовен карактер, но подоцна се јавувале во сè поголем број и световни ораториуми.

Ораториумот се појавил во Рим на почеткот на 17 век. Почетоците му лежат во духовните вежби на свештеникот Филип Нери кој собирал верници во просториите за молитва (ораториуми) во римските цркви. Во екот на противреформациските стремежи на тие места биле читани пасуси од Библијата, се одржувале проповеди и се пееле едноставни духовни песни (често само едногласни).

Слични духовни вежби почнале да се одржуваат подоцна и по останатите италијански градови, па така соработниците на Нери во 1575 година основале Конгрегација за ораториуми. Во музичките вежби Нери понекогш земал познати световни композиции и им вметнувал нови, духовни текстови. Во почеткот таквите песни – делови на духовни вежби – се пееле на делумно импровизиран начин, со учество на сите присутни верници.

Подоцна школуваните музичари почнале да ги обработуваат, како блиските соработници на Св. Филип Нери, и тоа композиторите Џованино Перлучи да Палестрина и Анимуцио, па така музичкиот дел на Нериевите духовни вежби попримил облик на духовни концерти. Така што пред верникот патем музиката почнала да изнесува и одредена драмско дејствие и тоа најчесто некаква случка од Библијата. Бидејќи немало сценско дејство, требало на слушателите да им се раскажат деловите помеѓу настапите на поединечните ликови, а тоа го правел посебен солист наречен тесто. Хорот настапувал во улога на народот и во медитативните делови.

Другиот облик на ораториум, таканаречениот ораторио латино сличен по структура на претходниот, но не и по настанокот. Овој облик на ораториум се развил директно од пасијата и полифоничните мотети. Исто така, латинскиот ораториум имал исклучиво латински текст и тоа во проза, се изведувал главно во цркви и честопати како слободен дел од литургијата.

За прв прав (развиен) ораториум се смета ораториумот на композиторот Кавалиери под името „Reppresentazione di Anima e di Corpo“ – „Раздвојување на душите и на телата“ од 1600 година изведен во Рим. Најзначајни композитори во првиот период се Скарлати, Карисими, Витори и др. ВО XVIII век ораториумот ја преоѓа границата на Италија и се развиени во Франција (М.А. Шарпантје - M. A. Charpentier), и Германија и Австрија каде што биле ентузијастички поздравени од католичките кругови, за разлика од протестантите, на кои помили им биле пасиите и кантатите. Во XVIII век биле создадени и најпознатите ораториуми како „Месија“, „Јуда Макабеецот“, „Израел во Египет“, од Хендл и други. Секако, хорот бр. 42 од Хенделовиот Месија, прочуената „Алелуја“ станал еден од најпрепознатливите ораториумски, и воопшто духовни хорови во светската музичка литература.

Познати ораториуми[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]