Општина Ново Село

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Ново Село
Општина
Знаме на Општина Ново СелоГрб на Општина Ново Село
Map
ДржаваМакедонија
СедиштеНово Село
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникЃорѓе Божинов
Површина
 • Вкупна424,82 км2 (164,02 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно6.972
 • Густина16/км2 (43/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+034
Регистарски табличкиSR
Мреж. местоnovoselo.gov.mk
Карта на општината.
Демографска карта на општината.

Општина Ново Селорурална општина во Југоисточна Македонија. Центар на општината е селото Ново Село.

Географија[уреди | уреди извор]

Границите на општина Ново Село на исток допираат до државната граница на Македонија со Бугарија, а на југ до државната граница на Македонија со Грција, притоа опфаќајќи ја тромеѓата меѓу триве држави. Општина Ново Село на запад граничи пак со општините Струмица и Босилово, а на север и со општина Берово.

Историја[уреди | уреди извор]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Општина Ново Село има вкупно население од 11.567 жители според податоците од пописот од 2002 година. Општината опфаќа 16 населени места (по азбучен ред): Бадолен, Бајково, Барбарево, Борисово, Дражево, Зубово, Колешино, Мокриево, Мокрино, Ново Коњарево, Ново Село, Самоилово, Смолари, Старо Коњарево, Стиник и Сушица. Општината има густина на население од 48,64 жители на километар квадратен.[2][3]

Македонците се најбројна етничка група во општината според пописот од 2002 година:[4]

Народ Жители
Македонци 11.509
Роми 3
Срби 25
Бошњаци 2
останати 28

Според пописот од 2002 година, во општината се зборувале следните јазици:[4]

Јазик Говорници
македонски 11.509
српски 33
турски 4
ромски 3
влашки 1
останати 17

Според пописот од 2002 година, во општината биле застапени следните религии:[4]

Вероисповед Вкупно
православни 11.292
муслимани 8
протестанти 17
останати 250

Општествени установи[уреди | уреди извор]


Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Градоначалник на општина Ново Село е Никола Андонов од редовите на СДСМ. Тој бил избран на предвремените локални избори 2019 година. На локалните избори во 2017 година бил избран Боро Стојчев, кој поднел оставка.[5] Советот на општина Ново Село е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

  СДСМ: 8 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 7 места

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Недалеку од Општина Ново Село се наоѓа познатиот хотел „Подгорски Ан“.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Попис на населението од 2002 според новата територијална поделба на Македонија“ (PDF). Посетено на 2011-08-18.
  3. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
  4. 4,0 4,1 4,2 „Попис на население: јазик и религија“ (PDF). Посетено на 2011-08-18.
  5. „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]